Македонија
Со пари од ЕУ ќе се истражува пештерата Убавица
Италијански спелеолози и членови на Спелеолошкиот клуб „Кораб“ од Гостивар се сретнаа денеска со градоначалникот Арбен Таравари во врска со проектот „Зајакнување на локалните актери за експлорација, истражување и заштита на природното наследство на пештерата Убавица“.
Проектот е финансиран од Европската Унија, а имплементиран од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Министерството за животна средина и просторно планирање и се реализира од страна на Спелеолошкиот клуб „Кораби“ во партнерство со Општина Гостивар.
На прес-конференција по средбата, Таравари најави дека проектниот буџетот изнесува 75.800 долари и дека целта е да се зајакнат вештините и управувањето на локалните актери кои во иднина ќе имаат одговорност да го заштитат, зачуваат и го мониторираат природното наследство на пештерата Убавица во селото Ѓоновица.
„Преку овој проект ќе се промовира и збогатена туристичка содржина во општина Гостивар преку понуда што ќе овозможи туристичка дестинација за спелеолозите, но и за други лица“, истакна градоначалникот Таравари.
За важноста на проектот и соработката со Општина Гостивар и Здружението „Кораби“ зборуваше италијанскиот спелеолог Матео Дардалини, а претседателот на Здружението „Кораби“, Јетон Османи, ѝ се заблагодари на Канцеларијата за имплементација на проекти при Општина Гостивар за успешното изготвување на апликацијата за добивање на овој мошне значаен грант.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино.
„Особено ми е драго што иницијативата што ја започнавме пред завршувањето на мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, денес прерасна во реалност. Овој проект беше визија за враќање на културниот живот таму каде што му е местото, меѓу мојот народ. Од денес, таа визија живее“, вели градоначалникот.
„Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор кој повторно ќе стане собиралиште на уметноста, емоцијата и заедничките доживувања.
Покрај Кисела Вода, сега и драчевчани ќе бидат дел од КИНОВЕРЗУМ и ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски достигнувања и најголемите светски хитови, блиску до својот дом.
Филмското искуство повеќе нема да значи патување километри далеку, туку тука – дома. Културата повторно пулсира во Драчево“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува засилен ветер од северен правец
Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h), особено во источните делови и во Пелагонија. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во четврток утрото ќе биде ведро и студено, насекаде со негативни минимални температури. Во текот на ноќта кон петок и во петок ќе има нови врнежи, во пониските места од дожд, на повисоките од дожд и снег, а на планините од снег. Потоа во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен до засилен северен ветер. Од понеделник дневната температура ќе биде во пораст.

