Македонија
Со стручно предавање во Вила Водно одбележан Светскиот ден на борба против Алцхајмеровата болест
По повод одбележувањето на Светскиот ден на борба против Алцхајмеровата болест, вчеравечер во кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија се одржа стручно предавање од областа на медицината чија цел е подигнување на свеста за постоењето на Алцхајмеровата болест преку едукативни предавања.
На настанот којшто е дел од иницијативата на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, за трансфер на знаења и размена на идеи и искуства со младите кои студираат на факултетите од областа на медицинските науки, присуствуваше министерот за здравство Венко Филипче, студенти од Медицинскиот факултет, млади лекари и специјализанти.
На тема „Алцхајмерова болест – тивка епидемија на 21 век“ свое предавање имаше асист. д-р Габриела Новотни, од Медицинскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, која за Алцхајмеровата болест рече дека полека, но сигурно станува тивка епидемија на 21.век. Според Новотни, во светот има околу 50 милиони заболени од оваа болест, а до 2050 година се очекува оваа бројка да се триплира. Таа истакна дека со оглед на тоа дека се идентификувани ризик-факторите кои се типични кај нашата популација, треба да се направи чекор понатаму кон превентивна стратегија или истата да се вклопи во идна национална стратегија за превенција на деменцијата.
За врската помеѓу Aлцхајмеровата и парадонталната болест со свое предавање на настанот учествуваше и проф. д-р Кристина Митиќ, специјалист по болести на устата и пародонтот на Стоматолошкиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. „Ако тргнеме од ставот дека превенцијата на пародонталната болест би можела да го намали ризикот од деменција, доаѓа и сугестијата дека воведување на здрави навики уште во најрана возраст можат да помогнат во одложување на почетокот на Алцхајмеровата болест“, истакна проф. д-р Митиќ.
Оваа иницијатива, која започна во февруари годинава, со предавањето на министерот за здравство, Венко Филипче, од областа на неврологијата, а реализирано во канцеларијата на претседателот, „Млади хаб“ продолжи минатиот месец во кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија со стручното предавање на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, на тема: „Симплифицирана 3D-визуелизација: µCT евалуација in vitro и in vivo“.
На предавањата можат да присуствуваат сите заинтересирани лица бидејќи истите се од отворен тип и се корисни за сите идни медицински работници овозможувајќи им преку директен контакт и разговор да добијат одговори на прашања кои останале неодговорени, како и можност за покренување нови иницијативи. Воедно, оваа иницијатива на студентите и младите лекари им овозможува да се запознаат со вредни трудови на стручњаци од областа на медицината и надвор од нивните специјализации и просториите на факултетот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

