Контакт

Македонија

Со учество на стотина македонисти од целиот свет почна Петтата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ

Објавено пред

Со свечено отворање почна еден од најзначајните настани за негување и афирмација на македонскиот јазик – Петтата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), на кој учествуваат 100-ина македонисти од 18 земји од светот: Австралија, Албанија, Бугарија, Италија, Монголија, Народна Република Кина, Полска, Романија, Руската Федерација, САД, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Украина, Унгарија, Хрватска и Чешката Република.

dobivaj vesti na viber

Семинарот се одржува онлајн, а беше отворен од страна на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која воедно е покровител на школите на Семинарот.

„Петтата зимска школа е расадник на светската македонистика преку која студентите, професорите, научните истражувачи, македонистите, филолозите и културолозите од странските универзитети во светот имаат можност да ја растат и да ја развиваат македонистиката, да ги усовршуваат македонскиот јазик, литературата и културата. И со задоволство можам да кажам дека македонистиката е стабилна, студиозна и аргументирана наука со долга традиција, врвни резултати, до кои се доаѓа преку студиозен раст и развој, развој во кој стожерно значење има Меѓународниот семинар при УКИМ“, истакна претседателката Сиљановска-Давкова.

Таа нагласи дека и повторно, од денес, македонистиката ќе биде облагородена и позлатена со македонистичко семе, кое ќе биде посеано насекаде во светот, та како светлина ќе зрачи и ќе ја осветли прекрасната и свечена македонистичка седмица, во која 100-ина македонисти раскошно ќе ја растат и ќе ја развиваат македонистиката и ќе пратат моќно македонистичко послание кон светот.

„Зимската школа на Меѓународниот семинар нема граници, не познава бариери, гради мостови на соработка, научна и културна размена, пријателство и културна дипломатија. Македонскиот јазик е суштина на македонскиот ентитет и идентитет. Македонската реч – уметничка и научна – отвора нови хоризонти и освојува нови универзуми. Македонскиот мелос, фолклорот, историјата, археологијата – се нашите скапоцени и непресушни извори што ги споделуваме со вас“, порача претседателката Сиљановска-Давкова.

Ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Билјана Ангелова, на отворањето наведе дека УКИМ ги отвора училниците и амфитеатрите за македонистиката, која овој пат се вмрежува во голема високообразовна и научна мрежа на соработка истакнувајќи дека Меѓународниот семинар е важен приоритет за Универзитетот, кој има поширок национален интерес и интернационално значење.

„Во согласност со концептот за отворен и модерен универзитет, во дослух со новите потреби и предизвици во високообразовниот и научен процес, УКИМ овозможува услови за квалитетен раст и развој на македонистиката преку дејноста на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, како и дејноста на факултетите и институтите од областите: македонистика, филологија, културологија, филозофија, фолклористика, национална историја итн.“, рече ректорката Ангелова.

Таа посочи дека Семинарот е можност за зајакнување на академските и научноистражувачките мрежи, за размена на идеи и креирање нови проекти, при што додаде дека оваа школа е вистински израз на посветеноста и напорите на организаторот за студиозно изучување, промовирање и афирмирање на македонистиката, но и резултат на плодна синергија меѓу семинаристите, предавачите и лекторите.

Зборувајќи за сите минати успеси на одржаните школи, ректорката потенцира дека големиот подем и меѓународната афирмација на македонистиката се должат на подновениот концепт со идеја, богатата палета од програмски содржини, студиозна и компетентна настава од еминентни предавачи, кои се обележја и на оваа школа.

Директорката на Меѓународниот семинар при УКИМ, проф. д-р Кристина Николовска, им посака добредојде на сите учесници наведувајќи дека од денеска Меѓународниот семинар при УКИМ повторно ги отвора раскошните порти на македонистиката за целиот свет.

„Од денес – светот ќе стане огромна македонистичка училница, од која ќе растат нови и нови училници, работилници, преведувачници. Од денес – ќе зрачиме со знаење кон сите страни на светот, збрани во голема македонистичка мрежа, која се умножува како светлина“, рече директорката Николовска.

На Петтата зимска школа ќе се одбележи осумдесетгодишниот јубилеј на македонската азбука и македонскиот правопис, а ќе се чествуваат и великаните на македонската книжевност и култура – Григор Прличев (по повод 195 години од раѓањето), Константин Миладинов (195 години од раѓањето), Анте Поповски (70 години од првата стихозбирка), Ташко Георгиевски и Живко Чинго (90 години од раѓањето).

Семинаристите работат во две секции: македонски јазик (на три рамништа: почетно, средно и напреднато) и македонска литература и култура (со преведувачка работилница за поезијата на Анте Поповски, од која ќе се објави зборник „Анте Поповски – на океан од јазици“).

Меѓународниот семинар при УКИМ досега има одржано 57 летни и 4 зимски школи, на кои учество зеле над 4.300 лица од повеќе од 60 земји од светот, еминентни македонисти, филолози, слависти, балканолози, професори, научни работници, студенти по македонски јазик, литература и култура на странските универзитети, преведувачи и афирматори на македонистиката. Меѓународниот семинар при УКИМ развива дејност на 11 лекторати по македонистика во девет земји на странските универзитети, каде што е забележен голем интерес од страна на студентите.

Македонија

Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош

Објавено пред

Од

Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.

dobivaj vesti na viber

„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.

Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека  по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.

Прикажи повеќе...

Македонија

МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби

Објавено пред

Од

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.

dobivaj vesti na viber

Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:

Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]

„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.

 

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Македонија

(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили

Објавено пред

Од

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.

dobivaj vesti na viber

Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.

„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.

Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош

Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда. „Основното...

Македонија3 часа

МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија...

Македонија9 часа

(Видео) Тошковски: Обезбедена е видеоснимка на која се гледа како сопругот ја удира жртвата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека во рамки на истрагата за трагедијата во Карпош е обезбеден видеозапис на...

Македонија10 часа

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на...

Македонија10 часа

По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите

Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче...

Македонија10 часа

Тошковски објави нови детали за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство пред полицијата, сопругот имал криминално досие и бил апсен за дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти нови детали за вчерашната трагедија во Карпош, во која загинаа мајка и дете....

Македонија11 часа

Бракоразводна постапка и пријава за насилство – вонреден надзор во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Министерството за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на мајката и детето кои го...

Македонија11 часа

Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност, уверуваат надлежните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст...

Македонија11 часа

МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре

За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати...

Македонија13 часа

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија13 часа

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија13 часа

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет15 часа

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...

Свет15 часа

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет15 часа

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...

Свет17 часа

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет17 часа

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...

Свет17 часа

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток,...

Свет17 часа

Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американско-израелската војна против Иран може да трае „некое време“, но нема да трае...

Македонија1 ден

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...