Македонија
Спасовски: Во 2015 протестиравме против насилство и криминал, а ВМРО-ДПМНЕ не знае против што ќе протестира
Министерот за внатрешни работи во објава на својот фејсбук-профил се потсети на годишнината од протестите на 17 мај 2015 година.
„Македонци, Албанци, Срби, Роми, Турци, Бошњаци, Власи… заедно и обединети, бидејќи ѝ мислевме добро на државата, имавме безброј причини да протестираме против суров режим.
Протестиравме против насилството и криминалот за кои дознавме од прислушкуваните разговори на 20.000 лица, против замолчувањето на неистомислениците, против полициската бруталност и тепањето студенти, против неправдите со кои ги осиромашија граѓаните, против меѓународната изолација и заробената држава, мрачните сценарија и обидите за дестабилизација, против ставањето на личниот и партискиот интерес над граѓанскиот“, посочува Спасовски во објавата.
Според министерот, ваквото граѓанско движење го вратило достоинството на граѓаните, демократијата во државата, слободата на медиумите и независноста на судството.
„Денеска сме сведоци на една ‘активна блокада’ на работата на Собранието од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која всушност претставува една активна кочница на исполнувањето и гарантирањето на правата на граѓаните, а со цел да се спречи континуираниот успех на СДСМ за напредок на државата. Се обидуваат да ги избришат вредностите кои ги воспоставивме, а кои нè исправија на нозе како држава, нè етаблираа како НАТО членка и нè приближија кон ЕУ“, додава Спасовски.
Во објавата тој нагласува дека иако опозициската партија најавува народен протест, всушност, како што вели, не знае зошто ќе протестира.
„Не знаат! Дали протестираат против зголемени плати, против двојно зголемена минимална плата (18.000 ден.) што во нивно време изнесуваше едвај 9.000 денари; против функционалните институции, против успесите на меѓународен план, против сè што значи напредок за граѓаните и државата“, посочува Спасовски во својата објава посветена на протестот одржан на денешен ден пред точно 7 години.
На ова се надоврза и поранешниот премиер Зоран Заев, кој на „Фејсбук“ објави видео од протестите на 17 мај 2015.
„Нека е честит и вековит Денот на обединувањето за слобода, Денот на граѓанскиот глас, Денот кога народот ја ослободи македонската црвена боја од прангите на едноумието и насилтвото. Да живее 17 мај. Да ја чуваме слободата. Да живеат граѓаните“, напиша Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
АВМУ со реакција за заканите кон новинарот Александар Видиновски
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува сериозна загриженост за нападите, омаловажувањата и смртните закани упатени кон новинарот на Канал 5 Телевизија, Александар Видиновски, по неговата објава на социјалните мрежи во врска со непрописно паркирани возила на тротоарот пред Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.
„Овие постапки претставуваат директен напад врз безбедноста на новинарите и сериозно загрозување на слободата на изразување и правото на јавноста да биде информирана. Новинарите имаат право и обврска да известуваат за прашања од јавен интерес, без да бидат изложени на притисоци, закани или насилство.
Особено загрижуваат смртните закани, кои претставуваат кривично дело и бараат итно и ефикасно постапување од надлежните институции. Очекуваме институциите со должно внимание да ги разгледаат овие случаи и да обезбедат соодветна заштита, со што ќе придонесат кон јасна и доследна практика дека заканите, говорот на омраза и онлајн насилството кон новинарите се недозволиви“, соопшти АВМУ.
Македонија
650 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 590 за пребрзо возење
Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 650 прекршоци, извести МВР.
Од нив, за минување на црвено светло констатирани се вкупно 36 прекршоци, за возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 590 прекршоци, а за нерегистрирани возила 24 прекршоци. При тоа изречени се вкупно 61 забрани за управување на моторно возило, информираше Министерството за внатрешни работи.
„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите да придонесеме за безбеден сообраќај на територијата на целата држава“, соопшти МВР.
Македонија
Сиљановска-Давкова во Дубаи се обрати на Глобалниот форум за владини регулативи и правда
Регулативата не е само за контрола, туку станува збор за создавање предвидлив простор каде што општествената доверба може да расте, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во своето обраќање на Глобалниот форум за владини регулативи и правда, во рамки на Светскиот самит на владите во Дубаи.
Во обраќањето на тема „Законодавството како овозможувач на владеењето на правото“ таа посочи дека наместо да се потпираме на институционален илузионизам и да веруваме дека совршен закон на хартија е крајот на патот, треба да се фокусираме на напорна работа во годините пред нас – да изградиме институции што дишат, што се адаптираат и што им припаѓаат на луѓето.

Го претстави македонскиот случај и посочи дека државата веќе 25 години по потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација со Европската Унија, формално и правно се усогласува со Европската Унија, со нејзините институции, правила и регулативи, но и покрај тоа сме меѓу најдолгогодишните кандидати за полноправно членство во Европската Унија.
Но, усогласувањето, според претседателката, не го правиме само заради Брисел, туку и поради фактот што процедурите се гаранција за еднаквост. Кога ги усогласуваме нашите закони со европските стандарди, градиме систем во којшто правилата ја надживуваат власта, рече претседателката, истакнувајќи дека ова е разликата меѓу владеењето на човекот и владеењето на правото.

Посочи дека македонските институции остануваат инклузивни и посочи дека Националната стратегија за развој 2024 ‒ 2044 помага да ги калибрираме политиките и законите.

