Македонија
Спасовски и Филипче изразија благодарност за макотрпната работа на кумановските лекри
Премиерот Оливер Спасовски, придружуван од вицепремиерот Бујар Османи, министерот за здравство, Венко Филипче, и министерот за образование и наука, Арбер Адеми, денеска остварија средба со епидемиолозите и директорката на Општата болница во Куманово.
На средбата се разговараше за моменталната состојба во болницата и беа разменети искуства за надминување на тековните проблеми.
Премиерот Спасовски истакна дека во Куманово е остварен најголем процент на направени тестови.
„Со континуираните заложби што ги прават лекарите и медицинскиот персонал во болницата, заедно со епидемиолозите во Центарот за јавно здравје во општината и матичните лекари, ќе успееме да застанеме на патот на ширењето на вирусот. Уште еднаш апелирам да се почитуваат препораките за физичка дистанца, особено зашто ни претстојат велигденските празници. Така најмногу ќе му помогнеме и на здравствениот персонал во Куманово кои се во првите редови во справувањето со коронавирусот“, истакна премиерот.
Министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека Куманово се издвојува со зголемен број дијагностицирани пациенти во последните неколку дена, но дека вработените во болницата се на висината на својата задача и врвно ги извршуваат своите обврски.
„Денеска спроведовме тестирање кај 210 вработени со серолошки тестови. Резултатите до сега покажаа дека нема суспектни медицински лица и тие се во добра здравствена состојба. Со оваа стратегија на тестирање ќе продолжиме и понатаму и ќе ја применуваме на целата територија на државата прво меѓу здравствените работници, а потоа и меѓу граѓаните“, соопшти Филипче.
Премиерот Спасовски и министерот Филипче упатија честитки за досегашната работа на целиот тим во болницата за досегашното успешно справување со коронавирусот и истакнаа дека од средбата заминуваат со сознанија кои ќе помогнат како да се постигне поголема ефикасност во справувањето со епидемијата во општината, како и за дополнителните можности за зајакнување на персоналот во болницата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

