Македонија
Спасовски на конференција во Тирана за борба против тероризмот
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска во Тирана, Албанија, учествуваше на Меѓународната конференција посветена на борбата против тероризмот и насилниот екстремизам.
„Земјите од Западен Балкан се одлучија својата иднина да ја градат во рамките на Европската Унија и НАТО алијансата. Интеграцијата на овие земји отвора перспективи и можности за надминување на политички конфронтации во регионот и создавање стабилно, безбедносно опкружување кое ќе обезбеди економски раст и развој“, истакна министерот Спасовски во своето обраќање.
Говорејќи за значењето на билатералната, но и регионалната соработка, министерот Спасовски нагласи дека Република Македонија е активна и постојана членка на меѓународни асоцијации и организации како безбедносно разузнавачки клубови СЕЕИК (Конференција на разузнавачки служби на ЈИЕ) и МЕК (Средноевропска конференција) и активно партиципира во размената на податоци од безбедносен интерес за прашања кои ја засегаат европската безбедност.
„Во континуитет соработуваме и со меѓународни организации и институции ЦТИ (Контратерористичка иницијатива) Еуропол, Интерпол, Селек ОБСЕ и други се пренесуваат најдобрите практики од европските земји кои имаат исклучително значење во процесот на интеграција на Македонија во ЕУ“, истакна Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Штип
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.