Македонија
Спасовски на средба со директорот на Meѓународната организација за миграција
Висока делегација од МВР предводена од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска при работната посета во Женева, во седиштето на Meѓународната организација за миграција (ИОМ), оствари работна средба со Антонио Виторино, генералниот директор на ИОМ.
Спасовски во оваа пригода упати благодарност до Виторино, како и до претставниците на Меѓународната организација за миграции, кои директно се присутни на македонско-грчката граница, во привремениот центар за мигранти, каде што учествуваат во спроведување на секојдневните активности обезбедувајќи поддршка и помош на мигрантите, а во текот на пандемијата и со обезбедување на потребната заштитна опрема и се во постојана комуникација и координација со претставници на граничната полиција присутни на локално ниво, како и со претставници на нашето Министерство на повисоко ниво.
Спасовски информира дека во моментот оценките се дека безбедносната состојба на државните граници е стабилна и без позначителни промени во однос на изминатиот период. Од тие причини, особено внимание се посветува на раното откривање и спречување на обидите за илегално минување на државната граница, спречување нашверцувањето мигранти, сузбивање криминални групи што вршат шверцување, идентификација на потенцијални жртви на трговија со луѓе и ранливи категории лица меѓу мигрантите.
„Очигледно дека за справување со зголеменото движење не се доволни само национални мерки, туку продолжување и натамошно зајакнување на заедничкиот пристап на засегнатите земји, кој ќе вклучува оперативна соработка, поддршка во јакнењето на националните капацитети, но и соработка со земјите на потекло. Во таа насока меѓу нашите главни приоритети е продлабочувањето и одржувањето на меѓународната соработка со земјите од регионот, со земјите на транзит и потекло, со агенциите на ЕУ (во прв ред Frontex, Europol, EASO), на Обединетите нации (IOM, UNHCR), како и релевантни меѓународни организации (OSCE, ICMPD, DCAF)“, потенцира Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Алжир, Абделмаџид Наaмун
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Народна Демократска Република Алжир, со седиште во Букурешт, Абделмаџид Наaмун.
Неговото именување, како што рече претседателката, е уште една потврда за добрите македонско-алжирски односи, втемелени на заемно разбирање и почит.
За неа, посветениот и професионален ангажман на амбасадорот Наамун ќе придонесе кон продлабочување на пријателските и партнерски односи на билатерален и мултилатерален план.
Истакнувајќи дека обете држави имаат богата историја и вредно културно наследство, Сиљановска-Давкова очекува интензивирање на соработката во културата, образованието и туризмот, како и во рамките на ООН и другите меѓународни организации.
На церемонијата, новоименуваниот амбасадор Абделмаџид Наaмун ја истакна својата желба да гради нови мостови на пријателство и меѓусебно разбирање.
Двајцата изразија загриженост за геополитичките предизвици со коишто се соочени сите држави и народи, без оглед на географската положба и големина. Тие ја потенцираа потребата од мултилатерализам како соодветен одговор и механизам за решавање на проблемите.
Сиљановска-Давкова и амбасадорот Наамун се согласија дека донесувањето правна рамка за регулирање на меѓусебните односи, како и размената на посети на највисоко ниво ќе ја поттикат соработката.
Соговорниците имаа усогласен став и во однос на потребата од реформи во Обединетите нации, како и за неопходноста од назначување на жена на највисоката позиција – генерален секретар.
Македонија
Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е значајна победа за правната држава
За првпат и самиот обвинител го признава тоа што целата јавност го кажуваше: дека Јавното обвинителство не може да продолжи да функционира со изгубен легитимитет, под товар на политички влијанија и со селективна правда, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Фактот што оваа оставка доаѓа дури сега, а не уште од првиот ден кога беше очигледно дека институцијата е компромитирана, само дополнително ја потврдува длабочината на проблемот и обидите со месеци да се одржи статус кво кое служеше на поранешната власт. Со оваа оставка се става крај на еден мрачен период, во кој обвинителството беше перципирано како партизиран механизам, а не како независна институција во служба на законот“, вели тој.
Според Петрушевски, оставката е јасен сигнал за крајот на практиките на заштита на поранешната власт на СДС и ДУИ и почеток на процесот на департизација и европеизација на јавнообвинителската дејност.
„Оставката на Коцевски не е персонално, туку единствено системско решение. Ова е јасна порака дека никој не е недопирлив“, вели Петрушевски.
Македонија
Општина Бутел додели 4.000.000 денари финансиска помош на спортски клубови
Општина Бутел додели 4.000.000 денари финансиска помош на спортските клубови од општина Бутел.
„Локалната самоуправа секоја година ги поддржува спортските клубови и доделува спортски стипендии на најдобрите спортисти од Бутел. Во општина Бутел се градат спортско-рекреативни центри во секое населено место. Во општина Бутел вредноста на спортот и спортските успеси е најголема“, изјави градоначалникот Дарко Костовски.
Тој изрази надеж дека финансиска поддршка ќе поттикне напредок во сите спортови и спортистите ќе освојат европски и олимписки медали.

