Македонија
Спасовски: Нема да дозволиме амнестии
Нема да дозволиме амнестии, претседателот на Уставен суд да остане стожер на заштита на уставноста а пратениците да го поддржат барањето на СДСМ, изјави потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски.
„Деновиве слушаме дека остатоците од режимот во судството покренуваат и некаква постапка пред Уставниот суд, со цел незаконските аболиции што ги направи Иванов, за да ги спаси криминалците, да добијат сега некакво зелено светло во Уставниот суд. Ние на тоа се спротивставивме и амнестии нема да дозволиме“, рече тој на граѓанската трибина во Неготино.
Спасовски кажа дека СДСМ и коалицијата поднеле до Собранието барање за автентично толкување на член од Законот со коешто, како што кажа, ќе обезбедиме да нема амнестија, никој да не може да биде амнестиран.
„Од тука, од Неготино, ги повикувам сите пратеници од македонското Собрание, без разлика на која политичка опција или партија припаѓаат, посебно оние кои сметаат дека се чесни од ВМРО-ДПМНЕ, да ги поддржат колегите од СДСМ и да покажат дека се борат за правда и правичност. Дека ќе ги напуштат Груевски, Мицкоски, Јанкуловска, Мијалов и криминалите“, рече Спасовски.
Потпретседателот на СДСМ упати порака и до претседателот на Уставниот суд, повикувајќи го да остане стожер на заштитата на уставноста и законитоста.
„Сакам да упатам порака и до претседателот на Уставниот суд. Заради тоа што Уставниот суд треба да биде стожер на заштитата на уставноста и на законитоста, да остане на висината на задачата којашто ја има дадена од страна на граѓаните. Да остане стожер на уставноста и да не дозволи никаков притисок за ништо. Најголемата слава ја даваат граѓаните а тоа значи да обезбедиме правда и сигурност“, рече Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

