Контакт

Македонија

Спасовски: Нема да дозволиме влез на мигранти, транзитот повеќе не е опција

Објавено пред

Државата нема да дозволи влез на мигранти, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски, појаснувајќи дека тоа е политика и на сите земји во регионот.

dobivaj vesti na viber

Спасовски одговарајќи на новинарски прашања во Владата, нагласи дека транзитот повеќе не е опција, а ситуацијата се следи.

„Засега е стабилно и немаме никакво зголемување на мигранти коишто би можеле да се обидат да влезат на територијата на Република Северна Македонија. Меѓутоа, ставот е дека ќе имаме нулта толеранција“, изјави Спасовски.

 

Македонија

Криминално трио ја ограби касата на казиното во Бутел, на двајца браќа им помогнал вработен

Објавено пред

Три лица се осомничени за кражба од казино во Бутел, при што биле одземени 1.460.856 денари, соопшти денеска Основното јавно обвинителство Скопје.

dobivaj vesti na viber

-Во предистражна постапка, по наредби на Основното јавно обвинителство Скопје обезбедени се докази кои упатуваат на основано сомнение спрема три лица како извршители на кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 2 од Кривичниот законик, сторено на 11 април во казино во Бутел. Јавниот обвинител поведе истрага, бидејќи постои сомнение дека тројцата се дружиле за да извршат кражба и од казиното одзеле 1.460.856 денари, соопшти Јавното обвинителство.

Претходниот ден, како што наведува во соопштението, осомничените – двајца браќа на возраст од 20 и 22 години, како и 29-годишник вработен во казиното, седеле во кафе бар и се договориле како да ја извршат кражбата.

-Според договорот, на критичниот ден, осомничениот вработен во казиното им дал знак кога е погодно време за реализација на кражбата. Браќата дошле со автомобил пред казиното, при што едниот останал во возилото, а другиот маскиран насилно влегол во објектот, се упатил кај касата и првично му покажал пиштол на вработениот – осомничен како да му се заканува. Потоа пиштолот го оставил на пултот и заедно ја наполниле торбицата со парични средства од вкупниот промет од претходниот ден, со намера противправно да ги присвојат. Веднаш потоа двајцата браќа избегале од местото на настанот, информираат од Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител, ценејќи ги сите околности и исполнетоста на законските основи, до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерки на претпазливост за двајца осомничени кои се лишени од слобода. Се предлага забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице во Судот, привремено одземање на патните исправи, забрана за посетување на казиното и забрана за приближување, воспоставување или одржување контакти со останатите осомничени.

За третиот осомничен кој е во бегство, како што велат од Обвинителството, предложено е определување мерка притвор која ќе започне да се применува по неговото пронаоѓање и лишување од слобода.

Прикажи повеќе...

Македонија

Уапсен е зетот на покојниот Зоки Фаци, ја запалил куќата во која живееле сестрата и внуците

Објавено пред

Вчера наутро била избегната трагедија во која можело да настрадат станари во зграда во скопската населба Ново Лисиче откако Тодор Митровиќ, зет за сестра на покојниот естраден новинар Зоран Василевски Фаци го запалил станот во кој живееше Василевски, а сега живеат неговата сестра и двајцата внуци, како и куќата што ја имаше Василевски во Катланово. Според првичните информации, сестрата и внуците на покојниот новинар подолго време биле жртви на семејно насилство.

dobivaj vesti na viber

Едно лице е приведено заради предизвикување општа опасност со тоа што подметнал пожар на влез во куќа во Катланово и стан во Скопје, сопственост на негова поранешна сопруга на која претходно и се заканувал. За него е побаран притвор поради тоа што, како што велат од Републичкото јавно обвинителство, околностите под кои е извршено кривичното дело кое му се става на товар на осомничениот се одликуваат со изразита пресметаност и висок степен на кривична одговорност, како и дека постои реална опасност од бегство.

Ова следи откако беа запалени станот и куќата на покојниот новинар Зоран Василевски-Фаци.

-Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност според член 288 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 2 мај во утринските часови, во викенд – куќа во селото Катланово и во стан во зграда во Скопје, кои се во сопственост на неговата сопруга со која биле разделени и со која водел бракоразводна постапка, со пожар предизвикал значителна опасност за животот на луѓето. Иако бил свесен дека поради неговото сторување може да настапи штетната последица, се согласил со нејзиното настапување и откако еден ден претходно телефонски се заканувал на оштетената и на нивниот син, на критичниот ден со бензин предизвикал пожар најпрво пред влезната врата на викенд-куќата, се вели во денешното соопштение од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Пожарот се проширил и во внатрешноста на куќата, а потоа осомничениот се упатил кон Скопје и на сличен начин предизвикал пожар пред влезната врата на станот. Откако ги сторил делата, ја известил оштетената дека ги опожарил двата објекти. Таа јавила на соседи во зградата кои почнале веднаш да го гасат и спречиле пожарот да се прошири кон другите станови од зградата.

Ценејќи дека околностите под кои е извршено кривичното дело кое му се става на товар на осомничениот се одликуваат со изразита пресметаност и висок степен на кривична одговорност, како и дека постои реална опасност од бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор.

Прикажи повеќе...

Македонија

Левица соопшти дека нема да го поддржи предложениот Закон за енергетика

Објавено пред

Политичката партија Левица соопшти дека нема да го поддржи предложениот Закон за енергетика, оценувајќи дека тој претставува уште еден чекор кон целосна либерализација на стратешкиот енергетски сектор, со што, според нив, државата се откажува од клучната улога во заштита на јавниот интерес.

dobivaj vesti na viber

„Со овој Предлог-закон се продлабочува процесот на либерализација на пазарот, а државата јасно покажува дека нема ниту намера, ниту план да ги национализира енергетските капацитети и да ги стави во служба на народот“, стои во соопштението на партијата.

Левица предупредува дека отворањето на пазарот за странски и домашни приватни оператори, мотивирани исклучиво од профит, ќе резултира со повисоки цени за граѓаните, поголеми социјални разлики и намалување на квалитетот на услугите. Според партијата, искуствата од други земји потврдуваат дека ваквиот тренд води кон енормно поскапување на струјата и ослабување на социјалната правда.

Во насока на ублажување на, како што ги нарекуваат, најштетните аспекти од предложениот закон, Левица поднела сет амандмани.

Тие се насочени кон зголемување на транспарентноста и контролата врз Регулаторната комисија за енергетика, подобра заштита на потрошувачите при мерење, фактурирање и наплата и воведување на реални и ефективни санкции за прекршувачите.

Меѓу главните слабости на законот, Левица ги посочува и недостигот на механизми за надзор и разрешување на Регулаторната комисија, можноста за издавање сметки со непроверени податоци и ниските казни кои, според нив, го стимулираат непочитувањето на законските обврски.

Партијата бара од Собранието да ја врати државната контрола врз енергетскиот сектор, да обезбеди фер и транспарентно функционирање и да ги заштити граѓаните од економскиот удар на приватизацијата.

„Ќе продолжиме доследно да се спротивставуваме на секој обид за приватизација на јавните добра, либерализација на стратешките сектори и уривање на државниот суверенитет“, порачуваат од Левица.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Криминално трио ја ограби касата на казиното во Бутел, на двајца браќа им помогнал вработен

Три лица се осомничени за кражба од казино во Бутел, при што биле одземени 1.460.856 денари, соопшти денеска Основното јавно...

Македонија3 часа

Уапсен е зетот на покојниот Зоки Фаци, ја запалил куќата во која живееле сестрата и внуците

Вчера наутро била избегната трагедија во која можело да настрадат станари во зграда во скопската населба Ново Лисиче откако Тодор...

Регион4 часа

Две години од масовното убиство во „Рибникар“: Тешка трагедија која Србија никогаш нема да ја заборави

Поминаа две години од страшното масовно убиство кога 13-годишно момче уби девет деца и училишен чувар во ОУ „Владислав Рибникар“....

Регион5 часа

На Александар Вучиќ ненадејно му се слошило, па ја прекина посетата на САД

Српскиот претседател е на пат кон Белград откако синоќа му се слошило при посетата на САД и побарал медицинска помош....

Свет17 часа

„Мерцедес“ се заби во група пешаци во Штутгард

Автомобил „мерцедес“ денеска удри во група луѓе на пешачки премин во центарот на Штутгарт, Германија, при што се повредени неколку...

Македонија18 часа

Ахмети вели дека ако излезе на улица нема враќање назад, „Вреди“ со коментар дека улицата е на народот, а не на милионерите

Можно е симпатизерите на ДУИ да излезат на улица, вели Али Ахмети, поради случајот со ексминистерот, Крешник Бектеши, кој се...

Свет22 часа

Америка се повлекува од мировните преговори меѓу Русија и Украина

САД повеќе нема да посредуваат во мировните преговори меѓу Украина и Русија откога Владимир Путин одби да се согласи на...

Регион22 часа

Караџов за Коридорот 8: Николоски раскажува македонски приказни пред спиење, каде е да го потпише договорот

Имам чувство дека Николоски раскажува македонски приказни пред спиење, коментира вицепремиерот и министер за транспорт, Гроздан Караџов, во врска со...

Македонија22 часа

Мицкоски: Јавниот и државниот долг најниски во последните 5 години

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на нивото на јавниот и на државниот долг и очекувањата...

Македонија23 часа

 Скопската ЗОО од утре може да биде затворена, вработените од вчера се и без здравствено осигурување, а плата немаат 45 дена

Доколку не им биде исплатена платата за март на вработените, веројатно скопската Зоолошка градина од утре ќе биде затворена за...

Македонија24 часа

Осум пациенти се враќаат од лекување од Турција, Бугарија и од Словенија, во странство остануваат хоспитализирани 18

Министерството за здравство информира дека денеска уште осум пациенти од повредените во трагедијата во Кочани се враќаат од лекување, од...

Македонија1 ден

Независниот синдикат на полицијата со најава за полициски протест: „Молчењето нѐ донесе под минималецот“

Независниот синдикат на полицијата со најава за полициски протест. „Како што ветивме после првомајската парада, на 2 Мај го најавуваме...

Свет1 ден

Разузнавачките служби: Целите на Путин се променија

Нови разузнавачки информации споделени од американски и западни претставници сугерираат дека рускиот претседател Владимир Путин го префрлил својот непосреден фокус...

Македонија1 ден

Македонија со пад од шест места на Индексот за слобода на медиумите

Падот на Македонија за шест места на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година, објавен од „Репортери без граници“,...

Свет1 ден

Венс: Војната во Украина нема да заврши набргу

Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс вчера за „Фокс њуз“ изјави дека војната во Украина нема да заврши набргу, а американскиот државен...

Македонија1 ден

Субвенции за струја за ранливи домаќинства: обработени 745 апликации, следува исплата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги финализира административните проверки на апликациите пристигнати по јавниот оглас за финансиска поддршка...

Свет1 ден

Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот...

Топ2 дена

Исчезнатиот рибар кај Злетовска Река најден мртов

Пронајден е починат исчезнатиот рибар Кире Павлов од Пробиштип. Неговото исчезнување во полицијата го пријавил Благој Стојанов од истиот град кој...

Топ2 дена

МВР трага по осумгодишно момче кое исчезнало во Скопје

Осумгодишниот А.Џ., кој имал здравствени проблеми се оддалечил од местото каде што престокувал со својот татко. За случајот, полицијата во...

Свет2 дена

Зеленски: Договорот за минералите е прв резултат од мојата средба со Трамп во Ватикан

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска го нарече историски договорот за минерали меѓу САД и Украина. „Ова е првиот опиплив исход...