Македонија
Спасовски: Полицискиот синдикат се етаблира како реална синдикална сила
Македонскиот полициски синдикат во годините наназад се етаблираше како реална синдикална сила која што претставува кредибилен партнер во сите наши напори за квалитетно и ефикасно функционирање и реформирање на Mинистерството за внатрешни работи, рече министерот Оливер Спасовски во обраќањето на централниот совет на Македонскиот полициски синдикат што се одржува во Охрид.
„Реализираните активности за набавка на униформи за полициските службеници, проектот за санација и реконструкција на објектите во кои што тие работат и ги извршуваат своите работни задачи, кој што патем речено ќе продолжи и во наредната 2019-та година, зголемувањето на платите на униформираните полициски службници, ние ги разбираме само како дел од базичните предуслови кои што треба да не донесат до посакуваната цел – професионална, функционална и ефикасна полиција како сервис на граѓаните“, рече Спасовски.
Тој додаде дека за наредната 2019 година предвидени нови 70 милиони денари за реновирање на полициските станици, а за набавка на нови униформи нови околу 200 милиони денари. Во новата година предвидено е и зголемување на платите за пет проценти.
„Пред нас се уште многу активности, пред се во поглед на натамошна стандардизација и надградување на полициското работење и полициската професија. И во поглед на професионалниот интегритет, на професионалната стручност и знаења, на целосно операционализирање на законитоста и законите како алфа и омега на полициското работење. Значи, се стремиме кон цели што треба повторно да и ја вратат улогата и местото на полицијата во едно модерно, демократско и слободно општество, да го вратат нејзиното реноме и достоинство. Уште еднаш ќе ја искористам оваа прилика и ќе го повторам нашиот јасен став дека јас и актуелното раководство на министерството остануваме отворени и недвосмислено заинтересирани за тесна и искрена соработка со вас, убеден дека споделуваме заедничка цел – професионална и подготвена институција во која што ќе работат задоволни, стручни и амбициозни професионалци“, рече Спасовски.
Се разбира, додаде тој, пред Министерството за внатрешни работи како и пред македонскиот полициски синдикат и натаму стојат крупни и сериозни предизвици со кои треба и мора во наредниот период да се соочиме.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локален дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен денеска кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд. До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.
Македонија
Делови од четири скопски општини денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради изведување на водоводен приклучок на ул.Борис Трајковски 212, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (место викано Каменик). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, општина Кисела Вода;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул.Варшавска 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Варшавска и дел од бул.8-ми Септември. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности, општина Карпош;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.Боца Иванова бб(за АБЦ Комерц), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Боца Иванова,Томе Пуре, Душко Поповиќ, Александар Бујнов, Бетовенова и дел од Петар Манџуков. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности, општина Бутел;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.20 –ти Октомври 44 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, општина Центар.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.

