Македонија
Спасовски се сретна со новоименуваниот шеф на Мисијата на ОБСЕ, Клеменс Која
Во Министерството за внатрешни работи, министерот Оливер Спасовски одржа средба со претставници на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, предводени од новоименуваниот шеф на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Клеменс Која.
„На средбата двајцата соговорници разговараа за повеќе теми и за области во коишто веќе постои заедничка соработка, како и за приоритетите за натамошна поинтензивна соработка. Притоа, посебен акцент беше ставен на изработката на низа стратешки документи важни за реформските процеси во рамки на Министерството за внатрешни работи, особено во делот на развојот на човечките ресурси, стручната и професионална едукација и развојот на полицијата“, соопштија од МВР.
Исто така, министерот Спасовски и амбасадорот Која разговарале и околу претстојниот референдум и активностите што МВР ги презема во рамки на своите надлежности со цел на 30 септември изјаснувањето на граѓаните да помине во најдобар ред.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, објектите на Дом за Малолетни Деликвенти. (општина Бутел)
Македонија
Непречен сообраќај низ државата, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне повремени врнежи од дожд, локално пообилни, попладне врнежите ќе престанат
Претпладне претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни и поројни со услови за појава на ретки грмежи. Попладне врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник ќе има локални врнежи од дожд со послаб интензитет и ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Потоа во следните два дена времето ќе биде стабилно со постудени утра, а локален дожд повторно се очекува во петок кон крајот на денот

