Македонија
Спасовски: Со врзани раце и нозе, во вреќа за спиење ја ставиле во багажникот
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека ова е изолиран случај и дека нема врска со јавната безбедност генерално.
„Вакви конструкции, кои се пласирани во јавноста, дека било грабнато во паркот и однесено на друго место воопшто не соодетсвуваат со вистината. Ова е изолиран случај, инцидентен случај, кој има организатори и крајна цел. Ова нема врска со јавната безбедност генерално. Ова лице, според утврдените факти, е грабнато внатре во влезот на зградата по претходно добиена информација кога излегува и дека излегува сама. Ова сосема се разликува од она што се имплицира“, рече Спасовски.
Тој додаде дека е апсолутна лага дека поради самитот на ОБСЕ, воопшто не се постапувало по барањето на девојчето или дека не објавиле јавно.
„Ниту јас како човек ниту никој од полицијата или од Јавното обвинителство нема да дозволи, заради одржување настан, да се прекине нешто“, рече министерот.
„Утврдено е дека двете од лицата што биле со возилото ‘ситроен’, по претходно добиената информација вечерта пред извршувањето на грабнувањето дека девојчето ќе биде само, во влезот од зградата го земаат и со врзани раце и нозе, во вреќа за спиење, го ставаат во багажникот. Пред возилото ‘ситроен’ цело време се движи ‘рено’. Однесено е на локација надвор од Скопје, каде што е извршено убиството, па потоа е запалено возилото“, рече Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Министерството за здравство ги разгледува можностите и капацитетите за поддршка на Швајцарија за згрижување на повредените од трагичниот пожар
Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на медицинското згрижување на повредените од трагичниот пожар во Кран-Монтана, соопштија од таму.
„Во таа насока, Министерството за здравство веќе постапува во координација со Дирекцијата за заштита и спасување на РСМ, а преку Координативниот центар на ЕУ за одговор на итни случаи (EU ERCC) воспоставен е канал на комуникација и со здравствените власти во Швајцарија.
Воедно, Министерството за здравство изразува искрено сочувство до семејствата на настраданите и најдлабока солидарност со повредените од овој трагичен настан“.
Македонија
Понудена помош за справување со трагичната несреќа: телефонски разговор на Муцунски со швајцарскиот амбасадор Зомер
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која беше активиран европскиот механизам за цивилна заштита, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, по остварена консултација со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и министерот за здравство, Азир Алиу попладнево оствари телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор во земјава, Кристоф Зомер.
Во рамки на разговорот, Муцунски изрази искрено и длабоко сочувство до семејствата на загинатите, како и до народот на Швајцарија, упатувајќи желби за брзо и успешно закрепнување на повредените.
Во таа насока, министерот ја изрази подготвеноста на Република Северна Македонија да прифати повредени пациенти, како и да обезбеди соодветна медицинска поддршка во домашните здравствени установи.
Дополнително, министерот изрази подготвеност, доколку има потреба, македонски лекари – специјалисти, кои беа директно вклучени во лекувањето на пациентите по трагедијата во Кочани, веднаш да заминат во Швајцарија и да се вклучат во процесот на лекување на повредените.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“
Секторот за внатрешни работи информира дека во моментов, повторно е воспоставен нормален сообраќај на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“.
Сообраќајот, сега е нормализиран и се одвива во двете насоки а беше затворен и во целосен прекин, од 30.12.2025 година, поради превртена цистерна на патот.
Од тогаш, сите надлежни служби излегоа на местото на настанот и активно отпочнаа со мерки за утврдување на причините за незгодата и дислокација на превртената цистерна од коловозот.

