Македонија
Спасовски со граѓаните на Ѓорче Петров: Да избереме интеграција, да не дозволиме изолација
Како дел од коалицијата ,,Заедно за европска Македонија”, министерот за внатрешни работи и потпретседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Оливер Спасовски беше во посета на општина Ѓорче Петров каде што се сретна со граѓаните на оваа општина.
На средбите со борците и ветераните од НОБ и здружението на пензионери во населеното место Даме Груев беа презентирани придобивките од членството во ЕУ и НАТО сојузот потенцирајќи стабилноста и безбедноста на границите.
Од своја страна, граѓаните искажаа подршка за референдумското прашање за кое потенцираа дека е од особено значење за државата и нејзиното интегрирање во ЕУ и НАТО.
Во Домот на култура во Ѓорче Петров беше одржана граѓанска трибина, каде што се дебатираше за историската шанса пред која стои Македонија како и за тоа што претставува влезот на Македонија во НАТО И ЕУ за граѓаните и за државата.
Спасовски нагласи дека Македонија веќе е ставена на картата на светот, со сочуван идентитет и рамноправна со сите држави.
,,Членството во НАТО значи стабилност и безбедност. Значи гаранција на нашите државни граници еднаш засекогаш. Никој никогаш да не помисли, а не пак да посегне по некакви радикални идеи за размена на територии или какви било други обиди за дестабилизација. Со членството во НАТО, ќе добиеме безбедна и стабилна држава за сите нас. Да избереме интеграција. Да не дозволиме изолација. Изолација на државата би значело неизвесност и за иднината на Република Македонија и за секој од нас поединечно – додаде потпретседателот Спасовски.
Гостин на трибината во Ѓорче Петров беше и поранешниот министер за надворешни работи на Холандија Берт Кундерс, кој пред присутните граѓани ги посочи придобивките од членството на НАТО И ЕУ. Безбедност, стабилност, правда и владеење на правото, борба против корупцијата, инвестиции, нови работни места се само дел од придобивките на членството во овие два сојуза. Воедно, Кундерс ја охрабри Македонија да продолжи по патот кој е поставен пред неа.
Спасовски упати повик до сите граѓани на Република Македонија да се искористи шансата што е укажана, да излезат и да го поддржат референдумот. ,,Да покажеме дека денес се бориме за силна Македонија и дека го остваруваме патот на нашите претходни генерации, со цел посветла иднина на нашите деца. Да излеземе ЗА европска Македонија”, порача Спасовски
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина на Комисија во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март, денеска не помина на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта освен предлогот за јавна расправа го одбила и разговорот меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.

