Македонија
Спасовски: Со посветеност и преземени активности за целосна правична застапеност и родова еднаквост во МВР
Министерот Оливер Спасовски учествуваше на Интернационалниот Биатлон форум – Скопје 2022, кој оваа година се одржа под работен наслов „Родовата еднаквост на жаната во спортот – можности и предизвици“. Спасовски зеде учество во дискусиите на панелот „Уривање на стереотипите во спортот, професијата, родовата еднаквост“, заедно со министеркатата за одбрана Славјанка Петровска, директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски, претседателот на Олимпискиот комитет Даниел Димевски и советникот за спорт на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Силвија Митевска.
Министерот потенцираше дека актуелното раководство на МВР во изминативе неколку години докажа дека волјата за постигнување на родова еднаквост во министерството за внатрешни работи не е предмет на дискусија.
„Бевме упорни и посветени во секојдневното создавање на подобри услови, сѐ до постигнување на целосна правична застапеност и родова еднаквост. Ценејќи ги интуитивноста, епматичноста, развиеното чувство на претпазливост и одговорноста на жените во полицијата, како дел од уникатните карактеристики кои ја создаваат додадената вредност што ја имаат во работната средина и во општеството во целост, можам слободно да кажам дека придонесовме во последниов период многу работи да се придвижат во МВР. Сведоци сме дека од година во година се зголемува бројот на жени генерално, но и на оние кои се на раководни позиции, не само во рамки на МВР, туку и во делот на работењето на БЈБ. Со секоја генерација се зголемува и бројот на жени – кандидатки кои се пријавуваат на конкурсите и се упатени на обука за полицаец по извршена селекција“, истакна министерот Спасовски.
Министерот Спасовски образложи дека сето ова е резултат на големиот акцент кој се става на родовиот аспект и родовите прашања во Министерството, како и на мерки и активности поврзани со поттикнување на родовата рамноправност што раководството на МВР ги презема од 2018 година, кои се нотирани и во Извештајот за напредокот на состојбата за еднаквите можности на жените и мажите.
„За првпат беше имплементиран родовиот концепт при подготовка на службениците во Одделот за специјални полициски операции, преку изготвување, одобрување и примена на правни прописи за проверка на физичката подготвеност на полициските службеници кои за првпат се родово сензитивни. Сега веќе зборуваме и за родово сензитивна постапка на селекција на кадри при прием на кандидати за основна обука за полицаец во МВР, особено во делот за исполнување на критериумите за моторички способности. Имплементиран е систем на еднакви можности на жените и мажите при стручно усовршување, што подразбира родово-разделени податоци за евиденција на стручните усовршувања на вработените и слушателите на основна обука за полицаец, како и охрабрување за номинирање на жените на разни видови на стручни усовршувања кои се спроведуваат во земјава и во странство“, образложи министерот Спасовски.
На прашање дали жените во полицијата се соочуваат со дискриминација или непочитување на авторитетот само заради тоа што се жени и колкав е бројот на жени застапени во полицијата кои се активни на терен, министерот Спасовски потенцираше дека ова раководството на МВР е сосема свесно дека општеството се движи напред само со еманципирани, економски силни и самостални жени и девојки.
„Министерството води политика на еднаквост и се бори за целосна елиминација на дискриминацијата во сите нејзини облици. Паралелно со позитивните политики кои ги спроведуваме, при селекцијата на кандидати за конкретните работни места, согласно природата на работата и работните задачи во Министерството, комисиите се раководат од барањата за потребна стручна квалификација која треба да ја поседува одреден работник или работничка, односно исклучиво од аспект на стручност, компетентност, интегритет и останати професионални и персонални квалификации. Истото се однесува и за зголемувањето на бројот на жени на раководни позиции, а жените редовно се охрабруваат да покажат уште поголем интерес за раководните места, чија улога е извонредно важна во полициското работење“, објасни министерот Спасовски, додавајќи дека покрај во МВР, и во рамки на БЈБ континуирано се зголемува бројот на полициски службенички кои се раководителки на Оддели, помошници директорки, началнички, командирки на полициски станици и на полициски одделенија, а жени се вклучени во во Единицата за брзо распоредување, Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и Хеликоптерската единица, што порано не било случај.
Спасовски, на прашањето за новиот Колективен договор за вработените во МВР кој по многу ставки е револуционерно позитивен за спортистите и жените во МВР ги презентираше дел од придобивките кои ги добиваат вработените во МВР со него.
„Во него се предвидени и низа новини кои ги усвоивме заедно со репрезентативниот Македонски полициски синдикат, а со оглед на тоа што доаѓаат од самите полициски службеници, членови на синдикалната организација, уверен сум дека заедно со останатите мерки кои ги спроведуваме, ќе придонесат за подобрување на материјално-социјалните услови на сите вработени. Покрај наградите во вредност од 150 евра за ментори за успешно спроведена менторска програма, јубилејната награда во износ од половина просечна плата за работен стаж од 10 години во МВР, исплата на средства во износ од 20 отсто наменети за храна за оние кои работат ноќе и исплата во износ од 5 проценти на час за домашно дежурство, мерка за која исплатата за месец јануари 2022 за 1.008 колеги во МВР беше реализирана заедно со платата за месец февруари, за жените вработени во МВР кои ќе се реализираат како мајки, предвиден е паричен надомест во висина од 100 евра во денарска противвредност за секое новородено дете. Покрај ова, за првпат во Министерстото, вработените кои го претставуваат Министерството и државата или се дел од државна спортска селекција или репрезентација, се ослободени од работа додека трае спортскиот настан (платено отсуство), за разлика од претходно, кога вработените беа принудени да користат дел од годишен одмор или слободни денови за оваа цел“, истакна на крај министерот Спасовски, додавајќи дека овие измени се направени поради фактот што спортот претставува култура на живеење која промовира здрави навики, а спортистите се наши најголеми амбасадори кои придонесуваат за институционално и за општествено промовирање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири
Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно.
„Клиничкиот центар има заеднички служби кои се наменети за тоа, тоа им е примамрна обврска да се грижат за Клинички центар и за сите хаварии што можат да се случат. Хаваријата со цевката за парно е санирана уште вчера од страна на заеднички служби“, рече Демири.
Дали е потпишан договор или не, тоа се интерни договори на Клиниките кои морам да ги проверам, додаде министерот.
Во однос на болничарот кој требаше да биде суспендиран, Демири кажа дека има една голема неправда направена на Токсикологија, а тоа е необезбедување на согласност од страна на менаџментот на таа институција за обезбедување договори за 18 вработени кои се дел од медицинските процедури, кои веќе 4 месеци служат на таа институција, а не добиваат никаква економска надокнада.
„Во тек е изборна кампања, не сакам да се прекрши ниту една законска процедура, чекам да дојде извештајот на Инспекцискиот надзор кој ги има обврзано во тек на 5 дена менаџментот да најде решание за 18 луѓе кои работат, а не добиваат надокнада. Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири.
На новинарско прашање, министерот одговори дека економската директорка оди на работа и не се паркира на влезот на Клиниката.
„Не се точни наводите дека доаѓала на работа по четири саати, според моите сознанија“, додаде Демири
Македонија
„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори на 8 мај.
„Тоа не е точно, јас вчера имав многу јасна порака на митинзите во Сарај и Чучер Сандево. Ги повикувам сите гласачи масовно да излезат на 8 мај и да ги поддржат претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и коалицијата За европска иднина на парламентарните избори. Да избереме и претседател и парламентарен состав, Македонија да продолжи на својот пат на европските инетеграции“, рече Ковачесвки.
Тој кажа дека никој не ги има гласачите под своја контрола за да ги наведува како да гласаат.
„Ја примивме пораката во првиот круг за сите грешки кои ги направивме минатите седум години. Очекуваме да ја добиеме поддршката во вториот круг. Нормално е дека нашето членство го повикавме на изборите. Свесни сме дека граѓаните испратија јасна порака до СДСМ, дека граѓаните укажаа на грешките. Работевме во услови на голема пандемија, енергетска и економска криза предизвикани од војната во Украина. Свесен сум за нивото на инфлација и цените. Се обидовме да ги зголемиме и платите и пензиите секој да се справи на најдобар начин со оваа криза. Знам дека тоа не беше доволно, знам дека треба повеќе. Во новата програма имаме и зголемување на платите и на пензиите и секако многу јасни мерки во однос на владеење на правото и борбата против корупцијата“, кажа Ковачевски.
Тој очекува во вториот круг поддршка од сите граѓани во Македонија.
Ковачевски кажа дека Пендаровски е граѓански кандидат и ја бара поддршката од граѓаните, а не од претседателските кандидат коишто не се пласирале во вториот круг.
„Имаме разговори со политичките партии на различни нивоа и ги повикувам сите да имаме масовна излезност на 8 мај. Да избереме претседател на државата со којшто ќе имаме сигурна европска иднина и да избереме парламент што ќе носи храбри одлуки за државата, за да го дадеме на граѓаните она што го заслужуваат и очекуваат“, рече лидерот на СДСМ.
Тој додаде дека со крената глава продолжуваат во вториот круг и знае од што се незадоволни граѓните.
Македонија
(Видео) Стојаноска: Време е да се обединиме сите околу тоа повеќе да не функционираме како до сега
„Во текот на вчерашниот ден направивме анализа од резултатите од првиот изборен ден на претседателските избори и истото покажува дека голем број на нашите сограѓани Албанци, Турци, Роми и Бошњаци го имаат дадено својот глас за нашиот претседателски кандидат Гордана Силјановска Давкова“, рече Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6.
„Во име на тоа, од срце им се заблагодарувам на сите мои сограѓани и ги повикувам истото да го направат да го направат и во вториот круг имено ВМРО-ДПМНЕ подава рака кон сите, време е, момент е да се обединиме сите околу тоа повеќе да не функционираме како до сега, туку да вложиме да инвестираме во вистинска слобода, вистинска благосостојба и вистински соживот особено за нас особено во шестата изборна единица. Време е заедно да се спротивставиме на криминалот и Македонија да ја направиме своја и горда“, изјави Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6.