Македонија
Специјалниот завод „Демир Капија“ доби донација „УВ-гард“ за дезинфекција
ЈУ Специјален завод „Демир Капија“ денеска доби донација „УВ-гард“ – уред со УВ-зраци за дезинфекција на површини и воздух од вируси и бактерии, од проектот „Заедно за повеќе можности и поддршка“ – ТИМОР финансиран од Европската Унија.
Општа цел на проектот е поддршка на процесот на деинститутионализација на лицата со попреченост од резиденцијалните институтции во станбени единици за поддржано живеење во заедницата во Република Северна Македонија преку давање на иновативни специјализирани социјални услуги.
Функционалноста на овој апарат е следна: дезинфицира и површини и воздух, 360 степени наоколу; работи на принцип на зрачење кратка UV-C бранова должина од 254 нанометри; ги убива микроорганизмите кои доаѓаат во контакт со светлината, им ги уништува нуклеинските киселини и ја нарушува нивната ДНК, оставајќи ги без можност да ја вршат својата функција.
Исто така, просторијата што се дезинфицира мора да биде празна, но тоа не е проблем бидејќи уредот се контролира од далечина и го заштитува тој што го ракува, а УВ-зраците допираат до места кои се недостапни и стопроцентно ги елиминираат вирусите и бактериите и на нерамни површини;
За просторија од 40 квадратни метри се доволни околу триесетина минути, а веднаш по дезинфекцијата се чувствува силен мирис на озон.
Досега, „УВ-гардови“ покрај заводот во Демир Капија добија и Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Градската општа болница „8 Септември“, Клиниката за очни болести, Клиниката за пулмологија и алергологија, Општата болница Гостивар, Општата болница во Прилеп и Општата болница во Кавадарци.
Апаратот го направија македонските иноватори Ивица Поцков и Никола Глигоров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

