Македонија
(Видео) Специјалците добија куќа за пукање во Ѓорче Петров
Изградбата на овој нов и модерен објект за вежби, кој е изграден благодарение на донацијата од владата на САД во висина од 900.000 долари, ќе овозможи унапредување на вештините на безбедносните сили на Република Македонија, рече министерот Оливер Спасовски денеска на пуштањето во функција на новоизградениот објект за тактички вежби – куќа за пукање, кој е сместен во полицискиот комплекс во Ѓорче Петров, а е наменет за потребите на припадниците на МВР.

„Особено сум благодарен на соработката и пријателството со претставниците на Меѓународната програма за обука и помош при вршење кривични истраги (ИЦИТАП) и Европската команда (ЕУКОМ). Со САД имаме многу полиња на заеднички интерес и меѓусебна поддршка.
Едно од клучните полиња на поддршка е полето на обуките и донирањето опрема, кои се насочени кон засилување на професионалните капацитети на полицијата. Нашите досегашни заеднички ангажмани претставуваат одличен пример за искрена соработка и пријателство“, рече Спасовски.

Амбасадорот на САД, Џес Бејли, потенцира дека овој објект за тактички вежби е наменет да им помогне на професионалците за спроведување на законот во Македонија за тие подобро да им служат на граѓаните на Македонија.

„Тие ќе може да спроведуваат обуки за огнено оружје и тактички обуки во модерен објект, а воедно ќе може и да бидат домаќини на нивни колеги од други земји при организирање регионални обуки. Се надевам дека овој модерен објект за вежби ќе ви биде корисен при подобрувањето на обуките и ефикасноста во тешката работа што ја вршите“, рече амбасадорот Бејли.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

