Македонија
Според опозицијата, власта со предметот за Скопје 2014 дефокусира од криминалите
Очајни и лицемерни се обидите на СДС да дефокусираат од криминалите на актуелната власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ за предметот поврзан со Скопје 2014, пришто синоќа беа притворени неколку лица.
„Јавноста од СДС и Ковачевски очекуваше став за криминалот на актуелната власт, за црната листа на која се најде нивниот коалициски партнер Мерко, за тоа како без денар се купува трговски центар, за тоа каде е Ден Дончев со торбичката во која ставаше снопчиња со пари, како блиски на функционерите на власт стануваат сопственици на компании за електрична енергија, стануваат милионери, или добиваат земјишта, деловни објекти и хотели по багателни цени.
Обидите да се дефокусираат криминалот и корупцијата на власта на ДУИ и СДС со вадење од нафталин теми од пред 10 или 15 години нема да им помогне ниту на СДС, ниту на Ковачевски. Тоа што молчат за бизнисите на Груби, Ахмети, но и за своите луѓе само покажува колку се лицемерни, а во исто време очајни и полтронски поставени пред нивниот поголем партер во владата.
Кога веќе СДС сака да пишува соопштенија со реминисценции, нека напише едно за судско бизнис спрегата за која се огласи австрискиот амбасадор, или за случајот „Маџар Телеком“, или за тенковските делови или за било кој случај од криминалната транзиција.
Тоа што го сметаат за сламка спас нема да им помогне да се спасат од судот на народот, а потоа и од одговорноста за целиот криминал на оваа власт на ДУИ и СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.