Македонија
Спроведена акција за чистење на езерото Козјак
По повод одблежувањето на 22 април, Денот на планетата Земја, Министерството за животна средина и просторно планирање, на иницијатива на здружението „Гоу Грин“, а во соработка со фондацијата „Поврзување на природни вредности и луѓе – Македонија“ (CNVP), спроведе акција за чистење на езерото Козјак, како дел од националната кампања за чистење на несоодветно депонираниот отпад – „Македонија без отпад 2018“.
Централниот пункт на акцијата за чистење на езерото беше лоциран во туристичката населба Близанско.

„Целта на оваа акција е не само да го исчистиме веќе расфрлениот отпад, туку и да пратиме порака до сите наши граѓани дека е време да го промениме несоодветното однесување во природа“, изјави по тој повод заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.
Тој апелираше за сеопфатна акција и нагласи дека доколку сакаме да ставиме крај на пластиката како отпад, тоа да го направиме уште дома селектирајќи го отпадот во посебни контејнери. Според него потребна е едукација и развивање на свеста уште во градинките и училиштата.
Оваа година, одбележувањето на Денот на планетата Земја се одвива под мотото „Да го запреме загадувањето од пластика“, а со масовната акција на чистење на езерото Козјак, Македонија го даде својот придонес во глобалната мисија за заштита нашиот единствен дом.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

