Контакт

Македонија

Срби направиле тешка несреќа кај Неготино, повреден е и малолетник

Објавено пред

На 26.6.2023, во 5.20 часот, било пријавено дека на автопатот Неготино – Демир Капија, во близина на ТЕЦ „Неготино“, патничко возило „рено“, со српски национални ознаки, управувано од Д. Б. (35) од Р. Србија, излетало надвор од коловозот.

dobivaj vesti na viber

„Во несреќата тешки телесни повреди добиле сопатничката Л. Б. (34) и малолетен сопатник од Р. Србија, а телесни повреди добиле возачот и уште еден малолетен сопатник, констатирани во комплексот клиники ‘Мајка Тереза““, велат од МВР.

Извршен бил увид од екипа од Полициската станица Неготино.

Македонија

Измамник од Велес на интернет продавал наводно благословени предмети

Објавено пред

Од

Претставник на МПЦ – OA – Струмичка Eпископија пријавил дека од почетокот на 2025 се појавила фан страна со назив „Библиска Македонија“ каде се објавувале религиозни содржини, пораки и кратки исечоци од веќе објавени беседи на Владиката Јаков.

dobivaj vesti na viber

Исто така, според пријавеното, на страната почнала да се врши продажба на мали тегли со по 31 стих од Библијата, како и религиозни книги кои биле претставени како да се со благослов од Владиката Јаков.

Имено, за теглите пишувало и во комуникација на луѓето им било кажувано дека седеле во манастирот во Ново Село и дека биле благословени од владиката. На тој начин, луѓето се доведувани во заблуда да ги купуваат таквите работи, а дека средствата од продажбата ќе бидат употребени во донации за топол оброк за лица бездомници.

Веднаш по пријавата, полициски службеници од СВР Струмица презеле мерки за откривање на сторителите, по што, со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на Д.С.(33) од Велес.

При претресот се пронајдени и одземени пет мали тегли со пишан цитат од библијата и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Д.С. е лишен од слобода и со него е извршен службен разговор. На 21.05.2025 во СВР Велес била повикана и Р.С.(27) од Велес, сопруга на Д.С., со која бил извршен разговор во врска со делото.

Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот, против Д.С. и Р.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Македонија

Андоновска: Предизвикот со загадувањето е сложен, но не и нерешлив

Објавено пред

Од

На денешната надзорна расправа во Собранието на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“ се обрати директорката на Институтот за јавно здравје и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Марија Андоновска.

dobivaj vesti na viber

Директорката Андоновска објасни дека Институтот за јавно здравје во координација со МЗ презема низа мерки за ублажување и намалување на здравствените последици од загадувањето.

„Свесни за сериозноста, Институтот за јавно здравје, во координација со Министерството за здравство и други релевантни институции, презема низа мерки за следење, ублажување и намалување на здравствените последици од загадувањето, тоа ќе биде еден од нашите приоритети со коишто исто така би сакале да соработуваме и со Собранието како еден од важните чинители во овие процеси“, рече Андоновска.

Андоновска истакна дека Институтот соработува со локалните власти за креирање на политики, со цел намалување на емисиите на загадувачки материи, и објасни дека граѓаните се едуцираат и информираат преку веб страницата за нивото за загадување.

„Стручни лица на Институтот се дел од интерсекторски работни групи, соработуваат со локални власти за креирање на политики со кои ќе се намалат емисиите на загадувачки материи. Ние сме дел од институциите кои се произнесуваат за локалните акциони планови со краткорочни мерки за намалување на аерозагадувањето, даваме стручно мислење за интегрираните А и Б еколошки дозволи, постојано комуницираме со загрижени групи на граѓани но и пошироката јавност. Преку информации на нашата веб страна, информираме и едуцираме граѓани со посебен акцент на вулнерабилните групи на население за ризиците од загадениот воздух и за начини на лична заштита, особено во денови со високо загадување“, објасни Андоновска.

На крај Андоновска истакна дека проблемот со загадениот воздух е сложен но не е нерешлив и дека како директор со помош на државата се постигнува посветеноста на заштитата на здравјето на секој граѓанин.

„Предизвикот со загадувањето е сложен, но не и нерешлив. За негова ефикасно управување потребна е заедничка акција – на државата, општините, научната заедница, граѓанските организации и секој поединец. Ова е прашање на правда, на еднаквост, на здравје и на одговорност. Како директор на Институтот за јавно здравје, ја потврдувам нашата посветеност на заштита на здравјето на секој граѓанин, без разлика каде живее. Чистиот воздух не смее да биде привилегија – тоа е основно право на секој човек. Заедно, можеме и мораме да обезбедиме здрави, безбедни и одржливи градови за нашите деца а со тоа и нивна подобра иднина“, објасни Андоновска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: До јуни очекувам да заврши изградбата на шест базени

Објавено пред

Од

Премиерот, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање до каде е реализацијата на проектот за изградба или доградба на нови базени пред доаѓањето на летната сезона, информираше дека се очекува, шест објекти да бидат завршени во месеците јуни.

dobivaj vesti na viber

„Токму така, тоа што беше наследено во состојба до никаде, полека, но сигурно се задвижува. Имавме координативен состанок со министерот, во моментот се привршуваат и очекувам во јуни, јули, веќе шест такви објекти да бидат завршени во Кисела Вода, Карпош, Ѓорче Петров, Штип, Битола и Кичево, и уште еден во Кавадарци таму некаде на почетокот на есента, се очекува да биде готов“, напомена премиерот и додаде:

„Така што сето она што го наследивме како споменик во состојба до никаде, го задвижуваме и ќе го завршиме.“

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија53 минути

Нов министер за здравство ќе има следната недела, таа позиција останува во „Вреди“, вели Мицкоски

Владините коалиционери се договориле до крајот на оваа недела да се дефинираат кадровските решенија по излегувањето на Арбен Таравари од...

Македонија2 часа

(Видео) Данела Арсовска во живо се вклучи од објект во Чаир: „Дивоградба на државно земјиште“

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, се вклучи во живо од инспекција на нелегален објект во општина Чаир.   Таа...

Македонија2 часа

Ристоска: Поради мојата кандидатура за судија во ЕСЧП, цел сум на клевети и напади

Во изминатиот период, поради мојата апликација за кандидат за судија во Европскиот суд за човекови права, цел сум на неосновани...

Свет2 часа

Брисел предлага нова такса од две евра за пакет за купувања од платформи како „Тему“

Европската комисија размислува за воведување такса од 2 евра за пакет за пратки надвор од ЕУ купени преку онлајн-платформи, како...

Македонија3 часа

Со новиот закон ќе може да се вработуваат студенти, пензионери, корисници на социјална помош…

Со новиот закон за привремено и сезонско ангажирање лица, кој вчера беше изгласан во Собранието, работодавците ќе може да ги...

Македонија4 часа

Царината заплени тутунски производи, автоделови, ветеринарни лекови, девизи, облека

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани цигари,...

Македонија4 часа

Муцунски: Усвоени измените на Законот за надворешните работи – суштински чекор за професионализација на дипломатијата и подобрување на условите за македонските дипломати во странство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, преку социјалните мрежи информираше дека вчера Собранието, на предлог на Министерството...

Македонија5 часа

Голема полициска акција во Скопје, се вршат претреси на пет локации

Под раководство на предметниот обвинител што постапува во предметот под кодно име „Бункер“, единиците на МВР од рано утринава вршат...

Свет6 часа

(Видео) Драматични сцени од Австралија: хеликоптери и чамци ги евакуираа жителите заробени на покривите

Австралиската телевизија „Еј-би-си“ објави „поплави од невидени размери“, опишувајќи драматични сцени додека хеликоптери и чамци ги евакуираа жителите заробени на...

Свет7 часа

(Видео) Рубио: Граѓанска војна од епски размери може да почне во Сирија за неколку недели

Американскиот државен секретар Марко Рубио повика на поддршка за преодните власти во Сирија и предупреди дека земјата може да биде...

Свет7 часа

Си-ен-ен: Израел подготвува голем напад врз иранските нуклеарни постројки

Соединетите Американски Држави добија нови разузнавачки информации кои сугерираат дека Израел се подготвува за напад врз нуклеарните постројки на Иран,...

Европа8 часа

Мелони: Папата ми рече дека е подготвен да биде домаќин на мировни преговори за Украина

Италијанската премиерка Џорџa Мелони изјави дека папата Лав во телефонски разговор со неа ја потврдил својата подготвеност да биде домаќин...

Свет8 часа

(Видео) Трамп: Го избрав дизајнот за ракетниот штит „Златна купола“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го избрал дизајнот за ракетниот одбранбен штит „Златна купола“ вреден 175 милијарди долари и...

Македонија9 часа

Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Градско – Прилеп

Сообраќајот на експресниот пат Градско – Прилеп од ноќеска, во 01:20 часот е нормализиран, извести АМСМ. Претходно од АМСМ информираа...

Економија22 часа

Николоски: Договорот ќе го потпишеме во четврток во Лондон, 22 мај ќе биде датум кој долго ќе се споменува

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на денешната прес-конференција објави дека Владата го усвоила Договорот за стратешко партнерство со...

Економија23 часа

Мицкоски: Оптимист сум дека растот на БДП ќе биде помеѓу 3,5 и 4 проценти

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање поврзано со проекциите на Европската комисија и за економскиот раст...

Македонија1 ден

Николовски се пофали дека Царината за пет месеци сработила колку за три години, но спореди со периодот од 2020 до 2022 година

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, се пофали дека со засилени контроли за неполни пет месеци сработиле колку што претходно...

Македонија1 ден

„Влен“ ја претстави пратеничката група од девет пратеници, ќе им се приклучи и десетти

Коалицијата „Влен“ ја претстави пратеничката група, која брои девет пратеници, по оставката на пратеникот Салим Сулејмани, кој викендов се повлече...

Македонија1 ден

Опожарени три возила во Битола, едното на политичар од СДСМ

Три возила во Битола синоќа биле опожарени, а едното е на бизнисменот и поранешен кандидат за градоначалник од СДСМ, Христо...

Македонија1 ден

Сиљановска: Одговорно тврдам дека и да барате една држава да го смени Уставот е проблематично

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова пред новинарите ги коментира средбата со првиот човек на Европскиот совет, Антонио Кошта, бугарското вето, барањата за...