Македонија
Средба Заев – Бјорнстад: Поддршка од Норвешка за реформите и чекорите кон ЕУ и НАТО
Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Норвешка, Арне Санес Бјорнстад, со кој разговараше за актуелни политички и економски прашања. Заеднички е ставот дека перспективите на Република Македонија и на граѓаните се во ЕУ и НАТО и дека во таа насока значајни се реформските процеси што ги води Владата, политиките на пријателство и решавањето на важните прашања за остварување на овие цели. „Веќе има мотивација кај домашните и кај странските инвеститори за инвестиции во Република Македонија и отворање нови работни места, по отворените можности за придвижувања во овие процеси. Работиме низ инклузивни политики на реформите и на решенија за прашањата од државен и граѓански интерес“, рече премиерот Заев.
На средбата се отворени можности за поддршка од Кралството Норвешка во регулацијата и имплементацијата на обврските на Република Македонија со европските стандарди. На состанокот се разговараше и за важноста од политичка стабилност во Република Македонија и во регионот за очекуваниот напредок на државите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот кон Ќафасан поради сообраќајка
Поради сообраќајна незгода сообраќајот према ГП Ќафасан е во прекин во двата правци, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сончево време со температура до 6 степени
Времето ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до силен северен ветер и наместа ќе има услови за провејување на снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -4, а максималната ќе достигне од -3 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, претежно сончево и студено со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Во четврток и во петок ќе се задржи студено време со минимални температури кои насекаде ќе бидат негативни, а локално ќе се спуштат и под минус 10 степени.
Од петок и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи, претежно од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурите ќе биде во пораст.
Македонија
Сообраќајна несреќа на патот Кочани – Штип, сообраќајот во прекин
Од 20:30 часот сообраќајот на магистралниот пат А-3 Кочани – Штип (с.Долни Подлог – с.Тркање) е во прекин, поради сообраќајна незгода.
Сообраќајот се пренасочува преку с.Тркање кон екпресен пат Кочани – Штип, соопшти АМСМ.

