Македонија
Средба Заев – Станила: Романија ги поддржува евроинтеграциите на земјава

Претседателот на Владата, Зоран Заев, се сретна со Виорел Станила, амбасадор на Романија во нашата држава, кој го завршува својот мандат.
На средбата се поздравени политиките на премиерот Заев и на Владата на меѓународен план, на домашен план и во областа на економијата, со констатација дека се постигнати значителни резултати во напредокот на државава и во подобрување на животот на граѓаните.
Најавено е дека Романија ќе продолжи да ја поддржува нашата држава во евроинтеграциите.
Премиерот Заев им се заблагодари на романската влада и на амбасадорот Станила лично за искреното пријателство и за помошта на принципиелно ниво во демократските и евро-атлантските процеси на нашата држава.
„Посветени сме силно кон поддршката на граѓаните и фирмите погодени од здравствено-економската криза и преку синоќа утврдениот ребаланс на буџетот, кој оди на усвојување во парламентот. Свесни сме како Влада и како држава дека отворањето на преговорите со ЕУ носи неповторлив период пред нас да го подобриме животниот стандард на граѓаните и да ги примениме европските вредности дома и ќе продолжиме со нашите искрени, внимателни и мудри политики кои ја движат државата напред“, рече Заев.
На состанокот се изразени заеднички определби за натамошен развој на билатералните односи помеѓу двете држави, како и во рамките на заедничкото членство во НАТО, соопшти Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Повеќе улици во Скопје утрово без струја

ЕВН Македонија известува дека утрово без електрична енергија се неколку делови од Скопје.
· во периодот од 05.00 до 13.00 часот, објектите на Сковин, живинарска фарма, Гама Градба, Беровиќ Бетон и Грин Екофарм во Маркова Сушица. ( општина Студеничани )
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Козара бр. 68, Киро Гавриловски бр. 3 и бр. 5, објектот на ОУ Киро Глигоров како и објектите околу него. ( општина Центар )
· во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. 519 и Миодраг Илиќ во населба Керамидница. ( општина Гази Баба )
· во периодот од 08.15 до 13.00 часот, корисниците од ул. Франце Прешерн – непарни броеви, Иван Цанкар – парни броеви и Вангел Дину. ( општина Карпош )
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. Момин Поток. ( општина Карпош )
Македонија
Сончево и малку посвежо, од сабота следува период на многу топло време

Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Од сабота следува период на сончево и многу топло време со пораст на дневните температури. Особено топло ќе биде во првата половина од следната седмица.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.