Македонија
Средба Заев – Хан: Претстојат 365 дена за остварување на историската задача на успешни и брзи преговори со ЕУ
Премиерот Зоран Заев во Брисел се сретна со Комесарот за соседска политика на ЕУ и преговори за проширување Јоханес Хан. На работната средба со комесарот Хан, премиерот Заев и владината делегација, заедно со тимот најблиски соработници на комесарот беше констатирано дека со овој состанок, практично, започнува подготовката за скенирање на состојбата на поглавјата што се нотирани заедно со датумот за преговори.
Беше разговарано и за предвидената серија чекори што претстојат во спроведувањето на договорот со Република Грција, но и за главните насоки за засилување на реформите во поглавјата што први ќе бидат отворени во јуни идната година – владеењето на правото и правосудството и фундаменталните права.

Двете делегации изразија уверување дека и понатаму останува искрениот и партнерски однос на Европската Комисија и се договорија дека следува заеднички предлог за преговарачка рамка која реално ќе ги претстави состојбите во Република Македонија, и од која ќе произлезат насоките со најважните приоритети за реформите во наредниот период.
Тема на денешниот разговор беше и отпочнувањето на воспоставување на преговарачката структура имајќи ги предвид компаративните искуства на државите кои преговараат или преговарале со ЕУ, нашиот домашен контекст, како и мислењето на Европската Комисија.

Заедничка констатација на средбата беше дека овој процес треба да биде максимално инклузивен за да ги анимира сите структури во македонското општество за да се создадат најдобри тимови кои ќе работат на усогласување на поглавјата од европското „аки“.
Премиерот Заев и владината делегација на средбата ја изразија благодарноста на владата и на граѓаните на нашата земја до комесарот Хан и до целата Европска Комисија, за поддршката и помошта во целиот период. Заедничка порака од оваа средба е дека нема време за прослави и дека претстојат 365 работни дена за интензивна работа за да се оствари историската задача на успешни и брзи преговори за членство на Република Македонија во ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

