Македонија
Средба на министерот Тошковски со Гуалано де Годој, претставник на Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР)
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари средба со Габриел Гуалано де Годој, претставник на Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) во нашата држава.
На средбата беше потврдена добрата соработка на МВР со УНХЦР, заедничките постигнати резултати, а соговорниците разговараа и за актуелни прашања, како и за натамошната соработка.

„Заеднички го истакнавме фактот дека Македонија е држава во која во многу прилики сме ја истакнале својата солидарност и хуманост во справување со хуманитарни кризи кои предизвикале раселувања и бегалци“, рече министерот Тошковски.
Од страна на Габриел Гуалано де Годој беше потенциран проблемот на лицата кои се уште се без државјанство а од страна на министерот беше потенцирано дека ќе се преземе се што е во надлежност на МВР што поскоро да се реши нивниот статус.

„Наш план е и зајакнување на системот на баратели на азил со стандардни оперативни процедури преку кои граничната полиција ќе постапува во насока на олеснување на проблемите кои ги имаат барателите на азил“, истакна министерот Тошковски.
На средбата беше истакната заедничката заложба за натамошно унапредување на соработката во сите области во рамките на мандатот на УНХЦР.
Притоа, во однос на досега постигнатото, Габриел Гуалано Де Годој ги пренесе благодарноста, но и, како што посочи, признанието дека нашата држава се цени како вистински лидер, не само во регионот во прашањата на заштита на правата на бегалците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

