Македонија
Средба на Пендаровски со поглаварите и претставниците на верските заедници
Претседателот Стево Пендаровски, денеска, ги прими поглаварите и претставниците на верските заедници наведени во Уставот на Република Северна Македонија.
На средбата присуствуваа поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г. г. Стефан, поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, поглаварот на Католичката црква, скопскиот бискуп и епарх струмичко-скопски, Киро Стојанов, претседателот на Црковното претставништво на Евангелско-методистичката црква, Емил Заев, претседателката на Еврејската заедница во Република Северна Македонија, Берта Романо-Николиќ, како и Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи.
На средбата претседателот Пендаровски посочи на соживотот и почитувањето на различноста како една од темелните вредности на Република Северна Македонија.
Како што соопштија од кабинетот на Пендаровски, тој пред поглаварите и претставниците на верските заедници ја истакнал својата заложба да соработува со сите верски заедници во Северна Македонија во интерес на меѓусебното разбирање и толеранција.
Претседателот Пендаровски укажал на важноста од улогата на поглаварите на верските заедници во негувањето на соживотот како важен предуслов за просперитет и напредок на државата.
Поглаварите и претставниците на верските заедници ја поздравија иницијативата за одржување на денешната средба и посочија дека и покрај верските разлики, заедничка цел на сите е градење мир и почитување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

