Контакт

Македонија

Средба на претседателот Пендаровски со црногорскиот премиер Абазовиќ

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски за време на учеството на Светскиот економски форум во Давос оствари средба со претседателот на владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.

dobivaj vesti na viber

На средбата беше изразена подготвеност за унапредување на севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Црна Гора нагласувајќи ги потенцијалните можности за јакнење на економската соработка.

Двајцата соговорници разменија мислење за актуелните политички случувања во двете земји, во Европа и во регионот на Западен Балкан реафирмирајќи ги заложбите за регионална стабилност, безбедност и просперитет преку доследно јакнење на демократските процеси и засилено меѓународно партнерство.

Соговорниците се согласија дека тесната соработка во рамките на НАТО-сојузништвото ќе продолжи и во процесот на интеграција во Европската Унија како заедничка стратешка цел на двете земји.

Претседателот Пендаровски му честита на Абазовиќ за назначувањето на новата функција посакувајќи му успешен мандат при справувањето како со внатрешните така и со надворешнополитичките предизвици и цели.

Македонија

Претседателот на општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров поднесе оставка

Објавено пред

Од

Претседателот на општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров, Костадин Ацевски, поднесе оставка поради лошите резултати на локалните избори. Според него, оставка треба да поднесат и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, како и целото раководство на партијата.

dobivaj vesti na viber

„Изборите завршија, време е да се понесе одговорност. Иако се вложив целосно, сепак резултатот е лош. Поднесувам неотповиклива оставка како претседател на општинската организација како чин на објективна и морална одговорност за лошите резултати. Верувам дека е исправно оставка да поднесат и претседателот на СДСМ, Венко Филипче, како и целото раководство на СДСМ, не само заради лошите резултати туку и заради начинот на дејствување во изминатиот период“, вели Ацевски.

Тој додава дека СДСМ е преголема идеја за да остане непрепознатлива.

„СДСМ мора да биде силна опозиција и силен коректор на оваа лоша власт. И покрај оставката останувам член на СДСМ за подобро Ѓорче, подобро Скопје и подобра Македонија“, рече Ацевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Александар Стојкоски го доби уверението за втор мандат како градоначалник на Општина Ѓорче Петров

Објавено пред

Од

Општинската изборна комисија денес официјално му го врачи уверението за избор на Александар Стојкоски за градоначалник на општина Ѓорче Петров, со што и формално започна неговиот втор четиригодишен мандат.

dobivaj vesti na viber

Градоначалникот најави уште посилен интензитет на работа, реализација на капитални инвестиции и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

„Денешното уверение е потврда за довербата што граѓаните на Ѓорче Петров ми ја дадоа, но и обврска да продолжам уште поодговорно, со уште повеќе работа и резултати. Благодарен сум за секоја поддршка, за секој граѓанин што препозна искреност, посветеност и конкретни дела. Ѓорче го менуваме таму каде што никој не се осмелил да работи со години. Во наредниот период, продолжуваме со нови проекти, инвестиции во инфраструктура, образование, спорт и животна средина и се со една цел – Ѓорче Петров да биде најпосакувано место за живеење во Скопје“, изјави Стојкоски.

Тој нагласи дека довербата што ја добил од граѓаните е најсилна потврда дека општината се движи во вистинска насока. Тимот на Општина Ѓорче Петров, како што додаде, ќе продолжи да работи во духот на транспарентност, отчетност и европски стандарди во локалното управување.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во октомври казнети 16.801 возачи, 232 пешаци и 63 возачи на електрични тротинети 

Објавено пред

Од

Во периодот од 01 до 31 октомври, како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 16.801 издадени платни налози, 4.821 прекршок се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.

dobivaj vesti na viber

Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 121 лице, од кои 94 за возење под дејство на алкохол, четири поради возење под дејство на дрога и психотропни супстанци или прекурсори, 15 за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, осум за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место.

Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на месец октомври евидентирани се 4.165 прекршоци за неправилно паркирање, 1.888 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 373 санкции за возење под дејство на алкохол.

Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 111 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и 232 пешаци и 63 возачи на електрични тротинети.

Исто така санкционирани се 942 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 480 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 176 заради техничка неисправност. Санкционирани се и 145 возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии), а еден возач поради неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата (флешери).

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Претседателот на општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров поднесе оставка

Претседателот на општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров, Костадин Ацевски, поднесе оставка поради лошите резултати на локалните избори. Според...

Македонија50 минути

Александар Стојкоски го доби уверението за втор мандат како градоначалник на Општина Ѓорче Петров

Општинската изборна комисија денес официјално му го врачи уверението за избор на Александар Стојкоски за градоначалник на општина Ѓорче Петров,...

Македонија1 час

Глобален индекс на мирот 2025: Русија најнебезбедна земја во светот, Македонија на 51. место

Институтот за економија и мир (IEP) го објави својот годишен Глобален индекс на мирот, сеопфатна анализа што рангира 163 земји...

Топ2 часа

Уапсен возач во Скопје: прегазил пешак и избегал од местото на несреќата

Вчера во 19:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Димитрие Чуповски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген тигуан“...

Македонија2 часа

Во двор во семејна куќа во Битолско организирани борби со кучиња: поведена постапка против двајца

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против две лица за кривично дело – Убивање и мачење животни од член 233...

Македонија3 часа

„Влен“: Со еден глас Албанците го запечатија крајот на ерата на Ахмети!

„Изборите што ги нарекоа „референдум“ завршија како политички суд против оние што го држеа албанскиот народ како заложник 23 години...

Свет4 часа

(Видео) Најмалку 20 мртви, а повеќе од 150 повредени во силниот земјотрес во Авганистан

Земјотрес со јачина од 6,3 степени го погоди северниот авганистански град Мазар-е Шариф рано наутро во понеделник, при што загинаа...

Регион4 часа

Брнабиќ: Поранешниот претседател на Србија, несреќа од човек, повикува на граѓанска војна

Претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ, остро го критикуваше поранешниот српски претседател Борис Тадиќ откако тој ги повика граѓаните да...

Европа5 часа

Обвинител: Грабежот во „Лувр“ е дело на ситни криминалци, а не на професионалци

Спектакуларната кражба на накит од 88,4 милиони евра во музејот Лувр минатиот месец не е дело на професионални крадци во...

Свет5 часа

Трамп: Не размислувам да испратам ракети „томахавк“ во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека всушност не размислува да ѝ даде на Украина крстосувачки ракети „Томахавк“ со долг дострел....

Македонија12 часа

(Видео) Мециновиќ до гласачите на СДСМ: Браната е пукната и ние сме вашата опција, затоа што Левица е опозицијата на ВМРО-ДПМНЕ

Во изминатите два месеци постигнавме нешто што не можевме да го замислиме. Во создавањето на ова движење, во овие 60...

Македонија12 часа

(Видео) Фатмир Дехари падна од народот кој се обедини против раскалашеноста и недомаќинското работење, рече Мицкоски за победата во Кичево

Премиерот и лидер на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва многу порано отколку во првиот круг прогласи голема победа на...

Македонија13 часа

Орце Ѓорѓиевски: Скопје е ослободено!

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја слави победата на денешните избори. Тој вели дека вечерва...

Македонија13 часа

(Видео) Герасимовски: Центар што го сакаме е победнички и во сигурни раце

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, вечерва во изјава за медиумите потенцираше дека денеска...

Македонија14 часа

(Видео) Победата на Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата

Победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата. Од обработени 97,69% досега,...

Македонија14 часа

(Видео) Филипче: Покрај освоените три градоначалнички места во првиот круг, имаме победа уште во три

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција им честиташе на граѓаните за достоинственото гласање на вториот круг на изборите....

Македонија15 часа

Митески: Голема победа во Аеродром со 18 илјади гласа

Кандидатот за градоначалник на Аеродром, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Митески упати благодарност за можноста да ја води општината во...

Македонија15 часа

Тошковски ги оцени изборите како најмирни во последните години: Во цела држава имаше 30 пријави, во најголем дел наводите не беа потврдени

Денеска, како во првиот круг од локалните избори, можеме со гордост да констатираме дека и вториот круг помина во исклучително...

Македонија15 часа

(Видео) Левица: Во голем број од изборните места има мртва трка помеѓу двата кандидати за градоначалник на Скопје

Задоволни сме од излезноста во урбаните средини, исклучок се општините Чаир и Сарај, кадешто има неверојатно мала излезност, дури и...

Uncategorized15 часа

Нови првични резултати: Ѓорѓиевски води во Скопје, Герасимовски во Центар, во Карпош Лукровски

Според првичните резултати од вториот круг на локалните избори 2025, во Скопје води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски со над...