Македонија
Средба Османи – Бјорнстад: Поддршката од Норвешка ја очекувам и за време на преговорите со ЕУ
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи оствари средба со генералниот подсекретар на Обединетите нации и Извршен директор на УНОПС, Грете Фаремо и норвешкиот амбасадор Арне Санес Бјорнстад, во рамките на која стана збор за билатералната соработка, за проектната поддршка која Кралството Норвешка ја обезбедува за земјава, како и за евроатлантските аспирации на нашата земја.
Османи најпрвин изрази задоволство од денешното отворање на Канцеларија на УНОПС во Скопје, која од своја страна ќе придонесе кон поефикасно спроведување на дел од проектите поддржани од Норвешка, со потенцијал за проширување на оваа соработка и со други донатори. Тој истакна дека билатерална поддршка која Норвешка ја обезбедува за нашата земја за проекти во најголем дел е наменета за остварување на најзначајните стратешки цели на земјата – интеграција во ЕУ и НАТО и изрази задоволство што истата е зголемена оваа година. Во овој контекст Османи се заблагодари за досегашната исклучително добра соработка со Норвешка, како и за севкупната поддршката што земјава ја добива во спроведувањето на реформите.
Османи ги информираше соговорниците и за напредокот на Македонија во европските интеграции. „Македонија доби чиста препорака од страна на Европската Комисија во април оваа година, која, со оглед на постигнатиот договор со Грција, очекувам да биде потврдена од страна на Европскиот совет кон крајот на месецот, со што Македонија ќе добие датум за преговори“, истакна Османи, нагласувајќи притоа дека и во периодот до почетокот на преговорите, но и за време на преговорите, Македонија се надева на континуитет на поддршката од страна на Норвешка. Соговорниците се согласија дека во претстојниот период ќе се интензивира меѓусебната соработка насочена кон реализација на клучните реформски процеси за постигнување на– полноправно членство во ЕУ и НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина и тоа:
· во период од 06:00-10:00 часот корисниците на улицата Пајак, улицата Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие), општина Центар;
· во период од 08:30-14:30 часот корисниците на дел од улицата Радишанска, општина Бутел;
· во период од 09:00-12:00 часот корисниците на улицата 29 Ноември бр.37, општина Центар;
· во период од 09:00-14:00 часот корисниците на дел од улицата Урош Џудовиќ, општина Карпош.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
Облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Денеска ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен дожд, во југозападните делови над 15 l/m², а на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Нови врнежи ќе има и во текот на седмицата кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег. Од денеска ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.

