Македонија
Средба Османи – Дуџијак
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, имаше средба со постојаниот координатор на ОН во Северна Македонија, Росана Дуџијак.
Соговорниците разговараа за рамката за соработка 2021-2025 година, како и за ангажманот и иницијативите на ОН во областа на економијата, социјалната инклузија, родовата еднаквост, зајакнувањето на институциите, животната средина, климатските промени и континуираната поддршка од ОН за севкупниот развој на нашата земја, особено во клучните процеси, како што е процесот на пристапување во ЕУ.
Министерот Османи истакна дека наша цел е да се постигне просперитетна, инклузивна и отпорна Северна Македонија и целосна имплементација на целите на одржлив развој на агендата на ОН до 2030 година.
„Во 2023 година Владата на Северна Македонија ќе продолжи со зацртаниот пат на реформи фокусирајќи се на надминување на влијанието од повеќекратните кризи. Затоа, важно е да се нагласи значењето на годишниот заеднички работен план, со јасни и конкретни резултати, како главна алатка што ја прави оперативна рамката за соработка на ОН за одржлив развој“, рече Османи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

