Македонија
Средба Филков-Хаџиу: Министрите се согласија за меѓусебна поддршка во решавањето на приоритетите поврзани со владеењето на правото

За време на официјалната посета на премиерот на Косово на Република Северна Македонија, министерот за правда Игор Филков, се сретна со министерката за правда на Косово, Албулена Хаџиу, извести Министерството за правда.
Како што се наведува во соопштението, договорена е заедничка средба меѓу двете министерства во септември за продолжување на дискусијата и активностите за прашања од заеднички интерес.
Министрите се согласија за меѓусебна поддршка во решавањето на приоритетите поврзани со владеењето на правото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Кузеска: Подготвува ли МВРО-ВМРО злоупотреби со личните карти пред избори

Според портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, непосредно пред локалните избори, во време кога рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ вртоглаво паѓа, а довербата во институциите е сериозно нарушена, МВР тајно започнала процес за нов систем за издавање лични карти.
Последните јавно достапни информации говорат, вели таа, дека веќе е ангажира фирма, без било какво искуство во оваа област.
„Замислете, досега правела студии за отпад и стадиони. Сега треба да направи студија за систем со највисок степен на доверливост – издавање на лични карти и пасоши.
Понатаму, во тендерската документација не се бара безбедносен сертификат за лицата што ќе имаат пристап до податоците. Што е крајно сомнително и несоодветно.
Нема гаранција ниту за заштита на доверливи податоци на државата и граѓаните. Зошто“, прашува Кузеска.
Оценува дека сè ова се прави без транспарентност, далеку од очите на јавноста и крајно сомнително.
„МВРО-ВМРО сака да го централизира целиот систем – од производство до издавање документи – без контрола, без надзор, без јавност, без сертитифакти. Тоа не е модернизација, тоа е рецепт за злоупотреба.
Се поставува прашањето дали ова значи дека повторно се подготвуваат сценаријата како од времето на Никола Груевски, кога МВРО-ВМРО масовно издаваше незаконски лични карти и спроведуваше незаконско гласање“.
Бара итни одговори од Тошковски, зошто се ангажира фирма без релевантно искуство и без безбедносен сертификат.
„Кој може да гарантира дека нема да има масовно издавање нови документи непосредно пред изборите и злоупотреби“.
СДСМ, напоменува таа, ќе остане буден чувар на јавниот интерес и на слободната волја на граѓаните и најави дека ќе ги информираат сите релевантни домашни и меѓународни фактори и ќе се спротивстават на сите обиди за злоупотреби.
Македонија
(Видео) Висинска: Центар заслужува промена, доаѓа времето на достоинствен живот за центарци

Центар стагнира, а центарци ги живеат последиците од неисполнетите ветувања.Градоначалникот Герасимовски многу вети – но малку направи. По 4 години, неговите ветувања се само празни букви на хартија, истакна на прес-конференција Марина Вишинска од ВМРО-ДПМНЕ.
„Градинката во Маџир Маало, градинка во клинички центар, воспитно-образовен центар со градинка и училиште во парк 1 – се само илузија и постојат само на хартија“.
Според неа, клучните проекти за деца и образование останаа само зборови.
„И додека тој се фали со „грижа за најмладите“, реалноста е – никаква реализација.
Монтажен паркинг со 296 места во Дебар Маало, Катната гаража спроти ПУИК, монтажен паркинг, во Пролет, гаража од 10.000 м2 кај Клиничкиот центар – ги нема во реалноста, ниту се планирани.
Наместо решено паркирање, центарци добија само хаос и изневерени очекувања.
Парк и нова административна зграда на локација ПУИК, Парк со игралиште кај Клинички центар и игралиште кај Куќата на Есма во Кале, се само празни ветувања на Герасимовски. Зеленилото и спортските површини постојат само во предизборни брошури.
А кај „Треска“ што добивме – бетонизација. Центар ја губи душата но кој профитира“, прашува таа.
За неа тоа се четири години само празни ветувања. И денес, како што додаде, истиот човек повторно ветува и повторно бара доверба. С
„Со кое лице? Зарем навистина мисли дека центарци забораваат. Центарци заслужуваат повеќе од лажни ветувања“, истакна Висинска.
Македонија
Финансиска поддршка за ранливи потрошувачи на струја, објавен списокот на одобрени баратели за 2025 година

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја заврши проверката на сите пристигнати барања поднесени по Јавниот оглас за доделување на финансиска поддршка на лица кои припаѓаат на категоријата на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година.
Постапката за проверка е спроведена врз основа на потпишаните Меморандуми за соработка со Управата за јавни приходи и Министерството за социјална политика, демографија и млади, со што се овозможи точна и ефикасна верификација на доставените податоци.
На веб-страницата на Министерството https://energy.gov.mk објавен е списокот на сите одобрени баратели: линк –Известување за објавување на список на добитници на финансиска поддршка за ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година.
Според резултатите:
• 313 домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост ќе добиваат месечна поддршка од 1.000 денари, почнувајќи од март 2025 година.
• 94 згрижувачки семејства исто така го стекнуваат правото на финансиска поддршка.
Поддршката се исплаќа во форма на намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија, во траење од 12 месеци, сметано од денот на поднесување на барањето.
За оваа намена, Министерството ќе издвои приближно 5 милиони денари од Буџетот за 2025 година, како директна поддршка за оние на кои им е најпотребна.
Дополнително, Министерството веќе достави предлог до Владата за нова Програма со која се предвидува проширување на опфатот на ранливите категории граѓани, што ќе овозможи уште поголем број семејства да добијат поддршка во 2025 година.
Новиот јавен оглас се очекува да биде објавен наскоро.