Македонија
Средби на Пендаровски во рамките на Парискиот мировен форум
Претседателот Стево Пендаровски во рамките на Парискиот мировен форум оствари билатерални средби со сојузната канцеларка на Република Австрија, Бригит Биерлејн, со заменик-претседателот на Народна Република Кина, Ванг Кишан, и со министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров.
На средбата со австриската сојузна канцеларка Бригит Биерлејн, Пендаровски се заблагодари за безрезервната поддршка и солидарност на австриската влада за европската интеграција на Северна Македонија. На средбата беше нагласена потребата од засилена комуникација меѓу двете држави во пресрет на очекувањата за позитивна одлука за датум за почнување на претпристапните преговори за членство во ЕУ.
Во разговорот со заменик-претседателот на Народна Република Кина, Ванг Кишан, претседателот Пендаровски истакна дека јакнењето на партнерството со Кина е во интерес на нашата надворешна политика и изрази поддршка на конкретните иницијативи што произлегуваат од процесот на соработка меѓу Кина и земјите на Централноисточна Европа 17+1, како и вклучување на Северна Македонија во инфраструктурните проекти, кои произлегуваат од „патот на свилата“, што отвора сериозна перспектива за нови инвестиции и јакнење на економијата на нашата земја.
На средбата со рускиот министер за надворешни работи, Лавров, претседателот Пендаровски ја реафирмира долгорочната стратешка определба на Северна Македонија да биде дел од НАТО и ЕУ, притоа на продлабочена соработка со Руската Федерација на теми од заеднички интерес. Претседателот Пендаровски ја поздрави претстојната седница на Мешовитата владина комисија за трговско-економска соработка во Охрид, со цел реализација на многубројни активности во насока на интензивирање на соработката меѓу двете држави на економски план.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

