Македонија
Стаменковска: Општина Бутел предизборно потрошила 28 милиони денари за привремени вработувања
Општина Бутел сработува сè помалку за потребите на граѓаните, додека во исто време троши сè повеќе и повеќе буџетски средства наменети за партиски вработувања, изјави техничката министерка Невенка Стаменковска-Стојковски.
Таа рече дека за привремени вработувања Општина Бутел потрошила во 2018 година приближно 17 милиони денари, а предизборно, во тековната 2020 година потрошила дури 28 милиони денари.
„Она што е забележително, во претходниот договор се плаќале 0,2% од бруто-платата на вработените како надоместок за давателите на услуги, додека со последниот договор се плаќаат цели 10% или 45.000 евра. Овие податоци укажуваат на сомнеж за предизборен поткуп, односно дека СДСМ во општина Бутел спроведува изборна корупција и поткуп на гласачи.
Централната власт и инспекциските служби, наместо да го испитаат овој случај за енормно зголемување на трошоците за вработувања во предизборниот период, се со изгубен интегритет и не постапувајќи се принудени од власта да бидат соучесници во овој процес“, вели Стаменковска-Стојковски.
Според неа, сомнителноста и сериозноста на овој случај се уште поголеми ако се земе предвид и фактот дека Општина Бутел во истиот период го зголемила и бројот на редовно вработените, и тоа за дури 10 проценти, односно од 586 вработени колку што имало на почетокот на 2017 година, денес има 643 вработени на почетокот на оваа година.
„Очигледно е дека ваквата потреба за огромните буџетски трошоци за привремени вработувања во изборна година и во услови кога и редовните вработувања на општината се зголемени, не е реална, туку политички мотивирана“, рече Стаменковска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

