Македонија
Стевчо Јакимовски и четворицата негови соработници останаа без пасоши
Поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и четворицата негови соработници од Општината, останаа без патни исправи. Тие исто така во наредниот период ќе треба редовно да се пријавуваат во судот. Ова се дел од мерките на претпазливост што кривичниот суд во Скопје им ги изрече на петтемина осомничени од полицијата за злоупотреба на службената положба и овластувањето во три постапки за јавни набавки.
Јакимовски, по излегувањето од Кривичниот суд, остана на ставот дека се работи за политички монтиран случај и се прави со цел да се дефокусира јавноста.
,,Нема потреба од вакви спектакли, нема што да кријам“, порача тој заблагодарувајќи им се на финансиската и на судската полиција, како и на Бирото за јавна безбедност, за коректниот однос.
Тој додаде дека ниту ја злоупотребиле службената функција, ниту имало организиран криминал, ниту некој нешто украл ниту, пак, некој нешто однел дома. ,,Општинските бараки се таму, плоштадот е таму и навистина нема смисла што се малтретираат моите колеги за работа што нема никаква врска со корупција и уште помалку со организиран криминал“, рече Јакимовски.
Адвокатот Виктор Цветковски, кој го застапува Јакимовски, најави дека ќе поднесе жалба на мерките за претпазливост посочувајќи дека се работи за случај во кој воопшто не постои дело.
Основното јавно обвинителство претходно соопшти дека злоупотребувајќи ја службената положба и овластувањата, Јакимовски и неговите соработници го оштетиле буџетот на Општина Карпош со 36.634.675 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

