Македонија
Стефановиќ: Србија го чека испорачувањето на Морина, во спротивно ќе се прекрши меѓународното право

Српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ изјави дека Србија го чека испорачувањето на Томор Морина во земјата.
Тој порача дека премиерот, Зоран Заев треба да го исполни ветувањето дека ќе го почитува меѓународното право и истакна дека секој кој е дел од Интерпол треба да се придржува кон прописите на организацијата.
„Заев рече дека тие ќе го почитуваат меѓународното право и тоа може да значи само испорачување на Морина на органите на Србија и ништо друго. Чекаме зборовите на Заев да се исполнат и меѓународното право да биде испочитувано“, изјави Стефановиќ, пренесе „Б92“.
Министерот нагласи дека ако Морина не биде испорачан тоа би значело непочитување на меѓународното право.
„Загрижува тоа што некои претставници на приштинските институции знаеле однапред дека нема да има испорачување. Тоа би значело дека се во дослух со некои правосудни органи на Северна Македонија и не можам ни да замислам дека е можно Северна Македонија да си го дозволила тоа. Не верувам“, рече Стефановиќ.
Министерот не сакаше да преудуцира, па рече дека ако Морина не биде испорачан дополнително ќе видат каква ќе биде реакцијата на нивните органи по тој повод.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Македонска Каменица – Делчево

Од 14:25 часот сообраќајот на патниот правец Македонска Каменица – Делчево е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот на тој патен правец, од 11:25 часот, беше во целосен прекин поради сообраќајна несреќа.
Македонија
Општина Карпош до премиерот: Мицкоски да го едуцира својот кандидат за градоначалник за начините на водење кампања

„Општина Карпош го замолува претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, да го посоветува неговиот личен кандидат за градоначалник на општина Карпош, Сотир Лукровски, кој има упатено писмо до секоја фирма поединечно за средби на кои ќе се разговара за бизнис-климата кај бизнис-заедницата“, велат од Општина Карпош.
„Убаво би било господинот Мицкоски да му објасни на својот кандидат неколку работи.
Дека детските градинки и основните училишта во општината се правни лица, а НЕ се фирми. Тие се јавни установи за воспитување, згрижување и образование на децата. Оттука, би било убаво заеднички да ни објаснат како децата од градинките и од основните училишта ќе влијаат на „подобрување на бизнис-климата преку работни средби и преку формирање заеднички платформи?“
Господинот Мицкоски треба да му објасни на личниот кандидат дека ги повикува на средба истите оние градинки и основни училишта на кои неговата партија ВМРО-ДПМНЕ гласаше во Советот на Карпош против одлуките за вработените од воспитно-образовните установи да не земаат плати, против осовременување на наставата преку набавка на паметни панели, против заштеда на енергија и поставување фотоволтаични панели, против реновирање на училиштата и градинките;
Би било чесно од претседателот на Владата да го подискара својот кандидат за градоначалник дека на ваков начин со директно упатување покана на адреса на фирмите и установите за наводни средби врши притисок врз директорите на јавните установи, училиштата и фирмите. И оти ВМРО-ДПМНЕ не треба да се служи со таков вид притисоци;
Земањето податоци од правни лица и праќање имејлови за бизнис-средби како претставник на политички субјект е флагрантно кршење на законите и форма на досега невиден притисок врз обични стопанственици. Во случајот Лукровски не знае, ама премиерот знае, дека кандидат за градоначалник се станува тогаш кога Државната изборна комисија ќе ја признае кандидатурата и дека кампања се води во точно утврден временски рок. Затоа, го повикуваме премиерот Мицкоски да го едуцира својот избраник за начините на водење кампања, притоа да избегнува притисоци и доколку тој тоа не го стори, ќе мора да биде корегиран од Основното јавно обвинителство затоа што прави груби повреди не само на Изборниот законик туку и на низа други закони“, се наведува во соопштението од Општина Карпош.
Македонија
СДСМ објави документ: Трипуновски ги пушти низ вода лозарите, Владата ќе им дава 2 денара само на винарниците

„И денес Трипуновски не собра храброст јавно да ја каже производната цена на двете најзастапени вински сорти ‘Вранец’ и ‘Смедеревка’ и пак продолжи да ги лаже земјоделците дека во договор со винарниците е постигната историски највисока цена“, велат од СДСМ.
„Пред три недели Владата далеку од очите на јавноста донела мерка на винарниците им исплати по два денари по литар произведено вино, од откупени количини на грозје од реколта 2024 година. Ама не и на лозарите.
Ова покажува дека Владата на ВМРО ДПМНЕ ги пушти низ вода лозарите. Од минатата 2024 година цената на грозјето е зголемена само за пола денар, што е срамно ништо да не добијат лозарите а на винарниците власта им дава два денари за литар произведено вино од реколта 2024 година, без јавно да го соопшти тоа.
Минатата година, за прв пат, лозарите останаа и без субвенции по килограм предадено грозје. Ќе се повтори ли и оваа неправда пак?
Ова е уште еден доказ дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ не работи за земјоделците, туку им служи на олигарсите“, соопшти СДСМ.