Македонија
Градоначалниците на Карпош и Битола дале изјава во обвинителството за „Рекет“
Градоначалниците на општина Карпош и општина Битола, Стефан Богоев и Наташа Петровска, дале изјава во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во рамки на истрагата за случајот „Рекет“. Од обвинителството појаснуваат дека се испитуваат лица за кои цени дека со даден исказ можат да помогнат во натамошното утврдување на факти во предметот.
„Во текот на вчерашниот ден по телефонски повик од јавен обвинител, во обвинителството даде изјава градоначалникот на општина Карпош. Денеска беше повикана и изјава даде градоначалничката на општина Битола. Во интерес на истрагата, обвинителството не е во можност да сподели детали околу содржината на дадените изјави“, велат од обвинителството.
Вештачењата на прибраниот обемен материјал од извршените претреси е во тек, а се врши и вештачење на содржината на пронајдениот и одземен втор мобилен телефон на специјалната обвинителка Катица Јанева.
Во случајот „Рекет“ за примање награда за противзаконито влијание и перење пари и други приноси од казниво делово се осомничени Зоран Милевски – Кичеец и Бојан Јовановски – Боки 13. И двајцата се во притвор од 15 јули.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

