Македонија
Стејт департментот му заблагодари на Коѕијас: САД поддржуваат целосна импелементација на договорот
Стејт департментот му заблагодари на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, по оставката, потенцирајќи го подобрувањето на грчко-американските односи, како и за неговата улога при постигнувањето на историскиот договор за името со Македонија, пишува грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на соопштение.
Поддршка за договорот помеѓу Атина и Скопје дал и претставник од Стејт департментот пред грчката државна новинска агенција АНА-МПА, кој истакнал дека САД поддржуваат целосна имплементација на договорот, што ќе ѝ овозможи на Македонија да го добие нејзиното место во НАТО и ЕУ како Република Северна Македонија.
„Додека во македонскиот парламент продолжува разгледувањето на уставните измени, ние ги повикуваме лидерите да се ослободат од партиските интереси, да ја искористат можноста и да обезбедат посветла иднина за својата земја“, додава тој.
„Каримерини“ потсетува дека Коѕијас поднесе оставка вчера, ден по тензичната седница во владата во Грција, каде тој влезе во конфронтација со министерот за одбрана, Панос Каменос, по повод договорот за името. Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, ја презеде функцијата министер за надворешни работи за да обезбеди успешно завршување на договорот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

