Контакт

Македонија

Стоилковски: Зад шемата за фалсификување документи злоупотребени државни институции, Муслиу, Пендаровски и Зечевиќ на тапет за изборна манипулација

Објавено пред

Јасно е дека наместо да излезат со програма каде има проекти, главната програма на СДС е фалсификување на документи и лични имиња. Имаме основано сомневање дека зад таквата мрежа за фалсификување на документи и лажни вести кои веќе се употребуваат против ВМРО-ДПМНЕ се брутално злоупотребени најмалку две државни институциии, рече на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

dobivaj vesti na viber

– Шемата и нашите основани сомневања се дека зад ова седи директно Стево Пендаровски, неговиот директор на разузнавање Еролд Муслиу како и поранешниот разузнувач, а сега генерален секретар на СДС Миле Зечевиќ. Дел од ова е и Асаф Еисин, мешетар дел од израелска група на Тал Ханан за која има истраги за фалсификати и вмешаност во избори низ светот. Да потсетиме Стево Пендаровски кажа дека Асаф работи за СДС, а СДС тоа го негираше. Посредник е Миле Зечевиќ, генерален секретар на СДС, а главни одобрувачи и добавувачи се Стево Пендаровски, претседател на држава, сега кандидат на СДС, и Еролд Муслиу, директор на Агенцијата за разузнавање поставен од Стево Пендаровски, рече Стоилковски.

Тој додаде дека СДСМ „свесни за изборниот дебакл, се преминува во злоупотреба на институции, Кабинет на Претседателот и Агенцијата за разузнавање, кои што наместо да работат во одбрана на Македонија, се занимаваат со црна кампања и фалсификување за Стево Пендаровски“.

Според Стоилковски, заедничка работа на овој тим управуван од Асаф Еисин, со одобрување на Пендаровски е да склопат и креираат наводни документи, фалсификувани листови, врз определени податоци, (на пример седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во декември, на која е споменат РИШ) па сето тоа да го зачинат, со лажни податоци за имиња, насоки и сето тоа со фалсификување на потписи на лица коишто се познати во јавноста, како и со лица кои што не постојат. Ваквите креирани документи, вклучувајќи и наратив, приказна, се дава на определени медиуми креирани од СДС до СДС, или медиуми кои не гледаат проблем во црни пари во кампања. Приказната добива покритие под „свиркач“, за СДС потоа правно да се сокрие од улогата креатор на фалсификувани документи и лажни вести во изборни цели, додаде тој.

– Потврда за сето ова е молкот од СДС по потврдата од Стево Пендаровски за ангажманот на мешетарот Асаф Еисин во изборната кампања, а во меѓувреме во јавноста излегуваат неговите зафати. Има уште една потврда, а тоа е дека ликот во центарот на оваа мрежа Асаф Еисин, е избркан од ВМРО- ДПМНЕ, каде што дојде да ги понуди своите нечесни услуги, да се прават фалсификати, да се влегува во приватниот живот на луѓето, да се прават измислици за политичките противници. Сега е јасно дека СДС го прифатиле Асаф и ја прифатиле неговата работа. СДС мора да одговарат колку чини неговиот ангажман, кој го плаќа, дали има склучено договор, или не, па дали израелскиот мешетар за црната кампања на СДС се плаќа со кеш од тендерите од РЕК Битола? Црна кампања не носи никому ништо добро, целта им е да намалат пораз, да намалат дебакл, со смалена излезност на јавноста. Но, ова не е само црна кампања со клевета, ова се кривични дела фалсификување на документи и фалсификување на потписи. И Еролд Муслиу, и Стево Пендаровски како Миле Зечевиќ а и нивниот извршител Асаф треба да знаат дека за ова ќе има одговорност, рече Стоилковски на денешната прес конференција.

Македонија

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти

Објавено пред

Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дел од Чаир денеска без вода

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.

dobivaj vesti na viber

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента

Објавено пред

Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.

dobivaj vesti na viber

Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.

Фото: илустрација (depositphotos)

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 минути

Една третина од американската морнарица е во близина на Иран: објавено кога би можел да започне нападот.

Американската војска е подготвена да го нападне Иран уште овој викенд, иако претседателот Доналд Трамп сè уште не донел конечна...

Македонија1 час

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти

Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на...

Свет1 час

(Видео) Лавина во Калифорнија: Осум скијачи загинаа, еден е исчезнат

Осум скијачи загинаа, а еден е исчезнат во лавина во планините Сиера Невада во Калифорнија, соопштија властите во среда, во...

Македонија14 часа

Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува

Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование....

Македонија14 часа

Гоце Наумовски стана нов уставен судија

Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по...

Македонија17 часа

Владата нема да купува нов авион: ќе се повлечеме од набавката и ќе се молиме да останеме живи, вели Мицкоски

Владата се откажа од набавка на нов авион на што се одлучи оти стариот е дотрајан и претставува голем трошок...

Македонија19 часа

(Видео) За Мицкоски контролата на цените не е популизам, туку заштита на граѓаните, најави праведност и кон оние што се обидуваат да профитираат од кризите и кон оние што избегнуваат обврски

Денешната конференција за формализирање на неформалната економија не е само експертска расправа. Таа е разговор за праведност во општеството. За...

Македонија20 часа

(Фото) Изгореа викендица и куќа, се запали оџак: три интервенции на струмичките пожарникари

Струмичките пожарникари денеска уште во раните утрински часови имаа три интервенции. Во 06.55 часот, во излетничката населба Суви Лаки, запалена...

Македонија20 часа

„Парите за боледувања доцнат – дали Клековски манипулира дека се редовни или фондот е празен“, прашува Левица

„Изминатиот период сѐ повеќе граѓани нѐ информираат дека одреден период Фондот за здравствено осигурување не врши навремена исплата на средства...

Македонија21 час

(Фото) На повеќе локации низ Скопје паднаа дрвја, Ѓорѓиевски: Екипите се на терен, реагираме навремено

Поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја. Градоначалникот Орце...

Македонија21 час

(Фото) Силниот ветер откорна покрив во училиште во Гевгелија

Преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава дека поради силен ветер летнала лимената конструкција од покривот на...

Македонија22 часа

Сè помалубројни, постари и понеисправни автобуси во кои се возат сè помалку патници, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за капацитетите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Нивното истражување...

Македонија22 часа

Мицкоски да одговори кој бил со него во владиниот авион, бара СДСМ

Луксузирањето на Мицкоски врз грбот на граѓаните и летањето со владин авион на Јадранско море го покажа вистинското лице на...

Македонија22 часа

Панчевски поднесе кривична пријава против членовите на Советот на јавни обвинители, ги обвинува за злоупотреба

Кандидатот за државен јавен обвинител Владимир Панчевски, кој не доби позитивно мислење од Советот на јавни обвинители, најави дека ќе...

Македонија23 часа

(Фото) По ерата на Југославија, селото Драчево е првото село во Македонија што добива сопствено модерно кино

Општина Кисела Вода вчера вечер официјално го отвори новото кино во Домот на културата во Драчево. Проектот, реализиран во партнерство...

Свет24 часа

Документите за Епстин се толку сериозни што би можеле да бидат злосторства против човештвото, предупредија експерти на ОН

Милиони досиеја поврзани со покојниот сексуален престапник Џефри Епстин укажуваат на глобална криминална мрежа што би можела да претставува злосторства...

Свет24 часа

(Видео) Најмалку десет скијачи исчезнаа во лавина во Калифорнија: започната е спасувачка операција

Најмалку 10 скијачи се водат како исчезнати, а шест други се заробени и чекаат спасување во услови на обилни снежни...

Европа1 ден

Мечка забележана во близина на Будимпешта

Мечка е видена во близина на Будимпешта. Животното веројатно не е од дивината, туку избегало од приватна фарма, објави општината...

Македонија1 ден

Врнежи од слаб снег на неколку патни правци, патот кон село Герман е блокиран од паднато дрво

Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради...

Македонија1 ден

(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино. „Особено...