Македонија
Стоилковски: Заев е единствен политичар кој прифати промена на Уставот

За само неколку дена на виделина излегоа криминали од над 45 милиони евра, пари на граѓаните кои СДСМ сака преку наводни иновации и крвави тендери да ги испумпа во џебови или фирмите блиски до СДСМ, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на изјавата на пратеникот од СДСМ, Костадин Костадинов.
„Доколку Костадинов сака да говори за криминал, нека го праша колегата Локвенец како успеа да добие грант за набавка на опрема за наводна иновативност на неговата печатница. Кога зборува за криминал, се прашал ли Костадинов како Венко Филипче дозволи анонимна човек-фирма да учествува како единствен понудувач на тендер дебел 35 милиони евра? Или како вицепремиерот вели дека неговите компании се самостојни а потоа им нареди да се повлечат од доделениот грант? Може и советничката на Заев да објасни дали снашката ја основала фирмата за да добие 330 000 евра по препорака на свекрвата“, рече Стоилковски.
Зоран Заев, додаде тој, е единствениот политичар во Република Македонија кој прифати да се откаже од името и Уставот и да ги прифати грчките црвени линии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево време со локална облачност, следи стабилно време

Сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 22 степени, информира УХМР.
Во Скопје, претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Следува период на претежно стабилно време со пораст на дневната температура. Во сабота ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известија дека на ден 10.10.2025 година ( петок ) без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците на ул.Будимпештанкса и ул. Урош Џудовиќ(општина Карпош)
Македонија
Неколку улици во Кисела Вода денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на Виктор Иго 22, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Виктор Иго, Дренак, Драга Стојановска, Иван Козаров и Невена Георгиева-Дуња.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности и дека
· поради уличен дефект ф-150мм на улицата Христо Татарчев бб (Теферич), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од 3-та зона Припор.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности.