Македонија
Стоилковски: Заев треба да побара оставка од Курто Дудуш
Зоран Заев, наместо да побара оставка од Курто Дудуш, тој вчера побара да ја слушнел другата страна од приказната зошто и дали имало оправдана причина некој да биде незаконски затворен, тепан, измачуван и навредуван од Дудуш, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Па зарем постои доволно добра причина и оправдување човек да биде повикан и бесправно лишен од слобода во градоначалнички кабинет, а потоа измачуван, тепан и навредуван со најпогрдни зборови“, рече Стоилковски.
Опозицијата обвини дека Зоран Заев во случајот со Дудуш докажал дека е носител на криминогеното и насилничко однесување на власта.
„Тој е поддржувач, одобрувач и заштитникот на сето тоа. Одговорност за овој случај, како и за многу други пред тоа, ќе има кога Зоран Заев ќе падне од власт и кога ќе се ослободат и полицијата и Обвинителството од партиските стеги.
За жал, тоа е менталната матрица на еден аболиран криминалец како што е Зоран Заев. Тој ќе искине и железни опинци само за да ги заштити, поддржи и поттикне криминалот и беззаконието на своите партиски пулени“, рече Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

