Македонија
Стоилковски: Заканите за тужби ги засилуваат сомнежите за недоследности во работата на Државната статистика
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, изјави дека до нив постојано пристигнуваат индиции за злоупотреба на статистиката, а по нарачка на власта за лажно подобрување на економскиот биланс.
„Државната Статистика, наместо одговори, се заканува со тужби бидејќи беше објавено дека до ВМРО-ДПМНЕ стигнуваат сведоштва од вработени, актуелни и поранешни вработени за фабрикување и испорака на резултати по теркот на потребите на власта, а со цел да се стекнат со подобри почетни позиции до делот на обезбедување средства за буџетот, но и за други политики што ги води оваа власт во заминување“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој оцени дека заканите со тужби од директорот Апостол Симовски само ги засилуваат сомнежите во јавноста за недоследности во работењето. Стоилковски упати неколку прашања до Симовски, меѓу кои и дали имало вработени што поднеле оставки поради лажирање и недоследно работење на институцијата; дали се фабрикувани објавени резултати по претходен диктат од „Илинденска“ бр.2, како и дали врз основа на таквите објавени резултати лажно се подобруваат почетни позиции на власта за обезбедување средства за буџетот, како и за други политики на оваа власт.
Претходно, денеска, Државниот завод за статистика најави дека ќе го тужи Мицкоски за клевета во врска со изнесените обвинувања дека Заводот објавувал неточни и фабрикувани извештаи по нарачка на Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

