Македонија
Стоилковски: Приврзокот на СДС, Арсовска блокираше градба на две градинки, две училишта и спортска сала поради тоа што се градат од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ
Омилениот приврзок на СДС и ДУИ Данела Арсовска донесе скандалозна одлука против својот народ, против скопјани и против градоначалниците и општините кои се борат за градба градинки, училишта и спортски објекти, рече на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
– Имено продолжената рака на СДС и ДУИ Арсовска донесе скандалозни решенија за запирање на процесот на градба преку ослободување на плаќање на надоместок на две градинки, две основни училишта и еден спортски објект. Иако советот на Град Скопје донесе одлука за ослободување, приврзокот на СДС И ДУИ, Арсовска донесе одлука за поништување на одлуката за надоместок за градбата на две основни училишта, две градинки и спортски комплекс, – рече Стоилковски.
Тој додаде дека јавноста треба да знае дека градоначалникот со партија поклонете од СДС и Зечевиќ донесе одлука за поништување на одлуките за: ослободување од плаќање на надоместок за изградба на ОУ Крсте Мисирков во Гази Баба, ослободување од плаќање на надоместок за доградба на ОУ Блаже Коневски во Аеродром, ослободување од плаќање на надоместок за доградба на градинката Весели Цветови во Кисела Вода, ослободување од плаќање на надоместок за доградба и надградба на градинката Изворче во Аеродром, ослободување од плаќање на надоместок за изградба на затворено спортско игралиште во Пинтија Кисела Вода.
– Причината за ова ја гледаме во политичкиот мотив на Арсовска да ја продолжи праксата на менторите од СДС на блокада на општините, овој пат на Општините Гази Баба Боби Стефковски, Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и Аеродром Тимчо Муцунски. Скопјани мора да знаат дека нема да имаат градинки и училишта затоа што Арсовска, која делува како продолжена рака на СДС и ДУИ ги казнува скопјани поради политички причини, – рече Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Ковачки: Ќе ги вратиме сите железнички линии во функција
Драган Ковачки, носител на изборна единица 3 на ВМРО-ДПМНЕ, денеска меѓудругото вети дека ќе бидат вратени во функција сите железнички линии.
„Ќе ги вратиме сите железнички линии во функција, ќе ја реконструираме пругата Велес-Кочани, ќе ја електрифицираме пругата Велес-Битола, ќе го реконструираме автопатот Катланово-Велес, ќе изградиме нова катна гаража во Велес, ќе ја реконструираме општата болница во Велес. Нови 26 милиони евра од проектот 250 милиони евра за општините“, изјави Ковачки.
Македонски железници месецов прослави 151 година од своето постоење. Јавното претпријатие е во лоша состојба, а укинати се голем број возови.
Од неодамна, од двата патнички воза за Гевгелија вози само еден. Од 2021-ва не сообраќаат возовите од Скопје за Кочани и за Кичево, а од почетокот на 2023 ниту возот за Табановце и Куманово.
Патниците го избегнуваат возот оти кога се качуваат не се знае кога и дали ќе стигнат. Честопати има дефекти и доцнење од по неколку часа, па граѓаните не сакаат да ризикуваат.
Ова јавно претпријатие е загубар кој со години се соочува со финансиски потешкотии и постојано добива прилив од буџетот за да може да подели плати и да плати сметки.
Македонија
„Вејце ниту се простува, ниту се заборава“ – Македонците паметат! Горат социјалните мрежи на годишнината од крвавиот масакр
Социјалните мрежи се преплавени со објави по повод 23-годишнината од масакрот кај Вејце, откако од заседа и ѕверски биле убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммина специјалци и полицајци припадници на специјалните единици „Волци“ и на „Посебната единица на СВР Битола“. Покрај осуммина убиени, имало и шестмина повредени. При нападот, од колоната успеало да се извлече последното возило и да јави за невидениот масакр.
Ова се само дел од објавите на ФБ.
Македонија
23 години од масакрот кај Вејце кога беа ѕверски убиени, а потоа запалени 8 македонски херои: Стојанче Ангелов положи цвеќе и запали свеќи
Денеска се одбележуваат 23 години од масакрот кај Вејце — најкрвав и најбрутален масакр во поновата историја на Македонија.
Масакрот се случи на денешен ден, 28 април 2001 година, во 17:45 часот откако од заседа и ѕверски биле убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммина специјалци и полицајци припадници на специјалните единици „Волци“ и на „Посебната единица на СВР Битола“. Покрај осуммина убиени, имало и шестмина повредени. При нападот, од колоната успеало да се извлече последното возило и да јави за невидениот масакр.
Иако нападнати од заседа, војниците и полицајците давале получасовен отпор, бранејќи го суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија!
Делегација на Достоинство утрово положи букет свежо цвеќе и запали осум свеќи во чест и помен на осумтемина загинати бранители убиени во крвавата заседа кај с.Вејце. Фотографии објави генералот Стојанче Ангелов.