Македонија
Стоилковски: СДСМ со лаги го правда незаконското работење

СДСМ се обидува со невистини да го покрие незаконското работење, свесното кршење на закони, свесното компромитирање на високото образование.
Ковачевски и тимот уште неседнати во фотелји, работат незаконски и се правдаат со лаги.
Пиунот на Заев, Ковачевски, именува двајца професори, декан и продекан, спротивно на закон, на високи партиски функции членови во ИО, избави на денешната прес конференција Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Стоилковски досаде дека Бисера Костадиновска Стојчевска, потпретседател на СДСМ, во првиот свој јавен настап се обиде со невистини да манипулира за незаконитоста и за кршењето на законот за високо образование во врска со именувањето на декан и продекан за членови на ИО во СДСМ.
Двајца професори, членови на СДСМ, универзитетски декан и продекан, го кршат законот и прифаќаат да се членови на највисоко партиско тело Извршен одбор на СДСМ, тело коешто според статутот на партијата, креира и спроведува политики и е одговорно за внатрешното структуирање на партијата.
И никој од нив не се извинува веќе петти ден, ниту презема одговорност или покажува доблест да ја смени одлука.
Според ВМРО-ДПМНЕ ова кажува само едно, ова е тим на луѓе коишто во старт покажуваат дека ќе служат на заевизмот, на незаконитости, на кршење и непочитување на закони. Тоа е СДСМ, служење со лаги и незаконско работење само во заштита на криминалот и корупцијата, во заштита на Зоран Заев неговите интереси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 16 часот и 14 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, 39 км западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.7.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
МНР: Амбасадата во Прага е во координација со семејството на Чифлиганец за пренeсување на телото во Македонија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека на 2 август 2025 година, до македонската амбасада во Прага била доставена информација за тешка сообраќајна несреќа во која бил повреден македонскиот државјанин Душко Чифлиганец. Тој управувал мотор кога дошло до незгодата, по што со тешки повреди бил пренесен во болница.
На 3 август, семејството го известило дипломатско-конзуларното претставништво дека Чифлиганец им подлегнал на повредите.
Како што соопштија од МНР, Амбасадата во Прага е во континуирана комуникација со семејството со цел завршување на сите неопходни формалности и организација за пренос на телото во Македонија.
Македонија
Изгаснат пожарот кај Липково, гори на две локации

До 12 часот активни се два пожари на отворен простор, еден пожар е под контрола, а еден е изгаснат.
Активните пожари се наоѓаат во село Богомила во општина Чашка, каде гори мешана шума, како и во село Грешница во општина Македонски Брод, во деградирана нискостеблеста шума, соопшти ЦУК.
Пожарот кој е под контрола е во село Стровија во општина Долнени, зад местото викано Гајдарец-Клепало, во нискостеблеста шума.
Пожарот што е изгаснат се наоѓа во село Слупчане во општина Липково, каде горела ниска вегетација.