Македонија
Стоилковски: Јанакиески и Божиновски се жртви на политички прогон, терор и одмазда
Миле Јанакиески, Кирил Божиновски и нивните семејства се жртви на политички прогон, терор и одмазда, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Решението со кое им се изрекува притвор на Јанакиески и Божиновски е доказ дека во Македонија нема ни правда ни правна држава. Во Македонија владее хунта која ги злоупотребува институциите што се политички нагазени од аболираниот Зоран Заев. Двете решенија се доказ дека Македонија се враќа 70 години назад, во 1949 година. Без докази, без аргументи, без каква било желба да се проверат фактите, судот изрекува притвори врз основа на службени белешки фингирани по желба на нарачателот. Не се проверува ни дали се веродостојни ни колку се веродостојни“, рече Стоилковски.
Додаде дека е доволно да се нарача некоја службена белешка и, како што рече, Кацарска судството да стави некого во притвор или затвор.
„Кацарска судството не го интересира тоа што е измислено дека на средбата кај претседателот Иванов се зборувало за амнестија, а не го интересира ниту да провери и да потврди дека УБК измислила дека Јанакиески и Божиновски имале сметки во странство“, вели Стоилковски и додава дека деманти за политичката конструкција на УБК пристигнале уште веднаш и од страна на претседателот Иванов и од страна на политички прогонетите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

