Македонија
Стратегиите при криза и кризна состојба тема на регионалната школа за безбедност во Струга
Во Струга викендов се одржува шестата по ред Регионална школа за безбедност која има за цел да ги дефинира можните решенија и политики, како и потенцијалните оперативни мерки за надминување на предизвиците и подобрување на соработката, координацијата и спроведување на националните цели и политики за безбедност во земјите од Југоисточна Европа и ЕУ.
За време на регионалната школа ќе бидат организирани работилници, практични вежби од страна на припадници на Специјалната единица на МВР, Аеродромот ТАВ „Св.Апсотол Павле“ во Охрид и панел дискусии со кои ќе се овозможи идентификација на т.н „тесни грла“ во соработката.

Како што информираат организаторите, проектот нуди размена, соработка и зајакнување на довербата меѓу наставниците, студентите и практичарите од земјите од регионот.
Тематски области на школата се: Управување со кризи и справување со заедничките безбедносни предизвици; Управување со движења на бегалци и ефикасна гранична контрола; Значењето на соработката и размената на информации помеѓу безбедносните системи на земјите од Југоисточна Европа; Преговарањето како комуникациски процес во кризна состојба, криза или конфликт и Преговорите за решавање на билатерални спорови како алатка во решавањео на криза како политички процес и проблем во безбедоста и меѓународните односи.
Генерална тема на регионалната школа се: современите безбедносни предизвици, ризици и закани како резултат на нивото на интеракција помеѓу различните субјекти во рамките на глобалната безбедносна парадигма.

Со идентификуваните предизвици и проблеми, како и решенијата студентите, професорите и практичарите ќе излезат во јавноста и ќе бидат презентирани во конечен производ на знаења кои ќе бидат споделени преку конкретна публикација.
Регионална школа за безбедност се организира од Факултетот за безбедност-Скопје со поддршка на Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Вилфред Мартенс центарот за европски студии-Брисел, а во соработка со Центарот за истражување и креирање политики каде учество земаат студенти, професори и лица од пракса од Република Македонија, Република Хрватска, Република Србија, Црна Гора и други земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

