Македонија
Сугарески во Охрид:70 милиони евра ќе се инвестираат за подобрување на патната мрежа
Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески оствари работна посета на општина Охрид, каде оствари средба со градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски. На средбата стана збор за инфраструктурните проекти што се реализираат во општина Охрид, а се од огромно значење за економскиот развој на општината и подобрување на животот на граѓаните.
Сугарески најави дека Владата преку Министерството за транспорт и врски ќе инвестира 70 милиони евра за подобрување на локалната патна мрежа. Средствата ќе се обезбедат преку заем од меѓународни финансиски институции и ќе се распределат на сите општини, а ќе бидат наменети исклучиво за изградба и реконструкција на локалните патишта.
,,Oколу 1000 километри локални патишта се во состојба за кои е потребна итна санација. Овие податоци се однесуваат само за 30 општини колку што доставија информации во изминатиот период. Како резултат на оваа состојба, сакам да најавам дека Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски ќе инвестира 70 милиони евра за изградба и реконструкција на локалните патишта во општините. Согласно утврдена методологија, секоја општина ќе има на располагање одредена сума на средства која ќе може да ги користи исклучиво за реконструкција и обнова на локалната патна мрежа. Секоја општина ќе има обврска до Министерството за транспорт и врски да достави изработени и ревидирани проекти”, изјави Сугарески.
Министерот информираше дека во делот на патната инфраструктурата во општина Охрид ќе се започне со реконструкција на регионалниот пат транзит Охрид – Билјанини извори, понатаму реконструкција на стариот пат од Подмоље до Охрид, како и реконструкција на регионалниот пат од Охрид до Свети Наум. Во делот на струшкиот регион со средства од ЈП за државни патишта ќе се рехабилитираат и патните правци од Подмоље до граничен премин Ќафасан, а во меѓувреме ќе се работи и на изработка на проект за проширување на делот од Струга до граничен премин Ќафасан. На средбата со градоначалникот, министерот изрази целосна поддршка за проектите што се реализираат во општина Охрид.
Во рамки на посетата на општина Охрид, министерот Сугарески ја посети и Капетанијата каде оставри средба со капетанот Устијаноски, а на која средба се разговараше за проектите што ги реализира Капетанијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од село Долно Соње, од продавнивницата кон село Чифлик, општина Сопиште.
Македонија
Поради снег забранет сообраќај за камиони на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан
Од 05.15 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан, извести АМСМ.
Поради протест на грчките земјоделци, од денес (08.01.2026) со почеток во 10:00 часот на ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила во наредните 48 часа заклучно со 10.01.2026 во 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови,по влажни коловози.
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Куманово, Страцин, Крушево, Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Продор на постуден воздух, температурите ќе бидат во опаѓање
Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер денеска врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 0 до 10 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер денеска врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурата ќе биде во опаѓање.

