Македонија
Сугарески: Жителите на велешките села Раштани и Бузалково првпат добиваат чиста вода за пиење
Конечно, го решаваме деценискиот проблем со водоснабдувањето со кој се соочуваа над 1.500 жители на населените места Раштани и Бузалково за што инвестираме половина милион евра, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, кој денеска заедно со градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, изврши увид во изградбата на водоводен систем за Раштани и Бузалково.
Проектот предвидува изградба на водоводна мрежа и две препумпни станици и поврзување на селата Раштани и Бузалково на постојниот водоснабдителен систем на градот Велес.
Министерот Сугарески истакна дека проектот е од огромно значење за жителите на овие места, особено ако се земе предвид фактот дека во Бузалково никогаш досега немало водовод, а водоснабдувањето во Раштани било делумно решено, но квалитетот на водата не бил на посакувано ниво.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.
Македонија
Мисајловски во Брисел: Македонија со НАТО-сојузниците за инвестициите и безбедносните приоритети
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денес ќе учествува на состанокот на ниво министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел, Кралство Белгија.
Мисајловски заедно со колегите-министри за одбрана на сојузничките земји, за време на днешениот останок ќе дискутираат на повеќе теми меѓу кои и инвестициите во одбраната согласно последните одлуки од Самитот во Хаг, исполнување на целите на способност, зацврстувањето на одбраната, придонесот во операциите предводени од НАТО како и за актуелните безбедносни предизвици.

