Македонија
Сугарески по средбата со британската амбасадорка: Ја информирав Галовеј за капиталните проекти
Mинистерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, оствари работна средба со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Северна Македонија, Рејчел Галовеј.
На средбата министерот Сугарески ја информираше амбасадорката за инфраструктурните проекти што се реализираат во Република Северна Македонија, како и реформските закони што се спроведуваат во насока на усогласување со европската регулатива.
Министерот ги потенцираше проектите во делот на изградба на железницата на Коридор 8, гасификацијата, како и подобрување на патната инфраструктутра како дел од паневропските коридори.
На средбата се отвори и прашањето за потпишување на билатерална Спогодба во областа на авиосообраќајот меѓу двете земји, заради претстојниот излез на Велика Британија од Европската Унија.
„Денеска остварив средба со амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија во Република Северна Македонија, госпоѓата Рејчел Галовеј. На средбата разговаравме за проектите што ги реализираме во делот на инфраструктурата. Ја информирав амбасадорката за сите капитални проекти. Исто така зборувавме и за спогодбата што треба да ја потпишеме во насока на регулирање на авиосообраќајот меѓу двете земји, по најавите за излез на Велика Британија од Европската Унија”, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.
На средбата министерот Сугарески изрази благодарност за досегашната соработка и поддршката што Велика Британија ѝ ја дава на Република Северна Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

