Македонија
Сугарески: Претстои силна градежна офанзива на патиштата во државата
Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, заедно со градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, денеска изврши увид во реконструкција на регионалниот пат Прилеп-Прилепско Езеро.
Како што информираат од Министерството, патниот правец е во должина од 8 километри, а реконструкцијата ќе чини 20 милиони денари, од кои 10 милиони се обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта, а другите средства се обезбедени од Општина Прилеп. Сугарески рече дека овој пат бил барање на жителите на Прилеп бидејќи, како што додаде, станува збор за патна делница која во минатото била целосно уништена и небезбедна за сообраќај.
Министерот исто така нагласи дека преку програмата за инвестиционо одржување на патиштата со „Македонијапат“ во тек се реконструкции на десетина регионални патишта.
„За оваа година преку оваа програма планирана е реконструкција на 29 регионални патишта со вкупна инвестиција од 467 милиони денари, средства што веќе се обезбедени од буџетот на Јаното претпријатие за државни патишта. Ова е дел од инвестицониот циклус што го најавивме со премиерот Заев, така што во следниот период ќе имаме силна градежна офанзива на патиштата во државата“, изјави министерот за транспорт и врски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот, улица Бунарџик. (Општина Илинден)
– во периот од 09-00 до 15-00 часот, дел од корисниците на улиците: Мице Козар и Ѓуро Салај. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува период на стабилно и релативно топло време. Во текот на ноќите и во утринските часови ќе има појава на магла на одредени места и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.
Македонија
Сообраќајот на граничниот премин Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално
Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

