Македонија
Судиите бараат 2 додатока на плата за да се уверат дека државата нема да ги изневери
Здружението на судиите на денешната седница на Управниот одбор заклучи дека понудените пакет-мерки за платите на судиите и останатите додатоци на плата треба да се прифатат, но сметаат дека треба да се обезбедат соодветни формални гаранции за исполнување на оваа понуда.
Од Здружението бараат да се пристапи кон исплата на две заостанати побарувања на додатоци на плата за 2016 година, со што ќе се покаже спремност за реализација на пакетот мерки.
Понатаму тие се залаат за формирање на работна група од страна на Министерството за правда, Министерството за финансии и ЗСРМ која ќе пристапи кон изготвување на законски решенија за измени и дополнувања на Законот за плати на судиите во делот на коефициентот за утврдување на платите на судиите и основицата за пресметување на платите.
Расправајќи по информации од членовите на Управниот одбор, Здружението на судиите остро ги осудува евентуалните притисоци кои се насочени кон судиите, во однос на нивната одлука за начинот на остварување на правата за додатоци на плата, и смета дека тие се контрапродуктивни и не доведуваат до суштинско решавање на ова прашање.
Управниот одбор уште еднаш го афирмира ставот дека платите и останатите примања по основ на плата се лични и поединечни права на судиите и за истите тие треба да одлучат поедниечно, при тоа, имајќи го предвид понудениот пакет од страна на Владата, начинот и времето за остварување, но секако и перспективата на отворениот дијалог и можните трајни решенија во полза на судиите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај низ државата по влажни коловози, слаб снег на Попова Шапка и Ѓавато
Од 12 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Стар Дојран, ГП Богородица и ГП Меџитлија. Од 12:20 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Ќафасан и ГП Блато, извести АМСМ.
Од 12:00 часот пред ГП Долно Блаце започнат е протест на превозници со тешки моторни возила, поради што товарниот сообраќај кон ГП Долно Блаце се пренасочува кај БП Дизел, а останатиот сообраќај се одвива нормално. Од 12 часот отпочнати се блокади и на ГП Деве Баир, ГП Делчево и ГП Ново Село, велат од АМСМ.
Сега засега блокиран е само сообраќајот за ТТВ за излез од државата додека за останатите категории на возила се одвива непречено.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,по влажни коловози. Снег со слаб интезитет паѓа на Попова Шапка и Ѓавато кој во моментов не се задржува на коловозот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Карпош и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани прекини и тоа:
– во периодот од 08:30 до 15:00 часот, корисниците на улицата Ордан Поп Јорданов. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на улицата Римска. (општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно, претпладне со повремен дожд
Претпладне променливо облачно, во источните делови со повремен локален дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините слаб снег. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во среда кон крајот на денот и во четврток, повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Од петок ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

