Македонија
Судиите вторпат го одбија Груевски – мора да се пријави во затвор
Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 ги одбил жалбите на обвинетиот експремиер, Никола Груевски, и неговата одбрана во однос на случајот на СЈО, „Тенк“, поврзан за набавката на луксузниот „мерцедес“.
На денешната седница на кривичниот совет, по ценење на фактите и доказите во жалбите, донел решение со кое ги одбил жалбите и го потврдил решението на судијата за извршување санкции, информираат од Основниот суд Скопје 1 – Скопје.
Оттаму додаваат дека решението е испратено до странките во постапката и тоа е извршно веднаш по приемот од странките.
Ова значи дека кога Груевски ќе ја добие одлуката на рака, ќе треба да се пријави во затворот во Шуто Оризари.
Претходно, по одлуката на Апелациониот суд, со која беше потврдена првостепената пресуда на кривичен од 2 години затворска казна, Груевски упати жалба со барање за одложување на затворската казна, која беше одбиена од страна на судијата за извршување на санкцијата по што експремиерот упати жалба до кривичниот совет составен од 3 судии со истото барање, што исто така сега е одбиено.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

