Македонија
Судијата во случајот „Монструм“ ќе врши увид на возилото на обвинетите
Судијата во случајот „Монструм“, Огнен Ставрев, на крајот од денешното рочиште предложи тој задно со судскиот совет, обвинителите, одбраната и вештаците да извршат увид на возилото „Голф 3“ со затемнети стакла во кој обвинетите биле кај Смилковско езеро.
Обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи, ја поддржа оваа идеја, велејќи дека има потреба од такво нешто бидејќи има многу работи кои недостасуваат, а можат да се дознаат од оваа проверка.
Најверојатно увидот на автомобилот ќе биде на почетокот на септември. Судијата Ставрев следното рочиште го закажа за 31-ви август, за кога најави дека судскиот совет ќе му поставува прашања на загрозениот сведок.
По завршувањето на рочиштето, адвокатот на обвинетите, Насер Рауфи повтори дека загрозениот сведок лажно сведочи и е конструиран.
„По одговорите кои ги даваше загрозениот сведок, јасно се гледа дека е лажен. Има големи разлики во сегашната изјава и неговите претходни изјави, а исто така потврда за тоа дека лажно сведочи е тоа дека на голем дел од прашањата, одговорот му е дека не се сеќава“, рече Рауфи.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

