Македонија
Судскиот совет: Австрискиот амбасадор не е задоволен од постапувањето на Јавното обвинителство, проверуваме како постапувале судовите
Судскиот совет формирал работни групи за увид во списите во предметот што се воделе за австриската фирма за која реагира австриската амбасада. Според членовите на овој совет, незадоволството од постапувањето на амбасадата е насочено кон Јавното обвинителство.
„Од содржината на примениот допис членовите на Советот на работен состанок констатираа дека повеќето од наводите се однесуваат на незадоволство од постапувањето на Јавното обвинителство, а во еден дел се споменува и трговски спор, кој се води пред Основниот суд во Гевгелија, кој е во тек. Во содржината на дописот амбасадорот истакнува сомнеж дека спорот се води под надворешни влијанија. Од работната средба произлезе заклучок дека наводите во известувањето ќе бидат проверени од страна на координаторите на Основниот суд во Гевгелија и на Апелациониот суд во Скопје, со непосреден увид во списите на предметот, дејствата преземени од страна на судовите и евентуално донесените одлуки. По направените посети и увид, Судскиот совет ќе изготви извештај по што ќе продолжи со преземање конкретни дејства за следењето на предметот внимавајќи да не влијае на одлуките на судот“, велат од Судскиот совет.
Судскиот совет потсетува дека во согласност со Законот за судовите, испитувањето и контролата на одлуките на пониските судови ја врши повисокиот суд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

